vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Денот кога починала нејзината најдобра пријателка, Julie го опишува како најлошиот ден во својот живот. Во aприл 2009 година на Caroline и бил дијагностициран тумор на мозокот и докторите предвиделе уште 12 месеци живот. За да биде уште поголема трагедијата, кратко пo тоа, во jануари 2010 нејзиниот сопруг изненадно умира од мозочно крварење.
Со оглед на тоа што Caroline била тешко болна и нејзината состојба секојдневно се влошувала, таа ја замолила нејзината пријателка, по нејзината смрт да се грижи за петте дечиња. Тоа и се случило. Неколку месеци подоцна, поточно во jуни 2010 година, Caroline починала, а Julie го исполнила ветеното и ги посвоила петте деца на нејзините починати пријатели.
Четириесет-годишната Julie сега e мајка на дури осум деца и покрај сите куќни обврски, таа и понатаму работи полно работно време.
Julie својот потег го гледа како природен и сосема обичен. Вели дека Caroline и била најдобра пријателка уште од средно училиште и дека била кума на повеќето од децата. Пресреќна е што успеала да добие старателство над нив, така што никој друг не би може да и ги земе.
5
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Го видовте позитивниот тест? Еве што следува
Позитивниот тест за бременост носи мешавина од радост, возбуда и безбр...
Како да го подобрите квалитетот на спермата?
Квалитетот на спермата зависи од повеќе фактори како исхраната, физичк...
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...