|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со Денис Бојаров автор на "Нека играат децата"

Марина Кљајиќ Петковски, 4.2.2021
Љубителите на пишаниот збор го сретнуваат низ македонските книжевни групи и ги читаат негови рецензии за книги. Во 2019 година неговиот расказ "Нека играат децата" стана вирален на социјалните мрежи

image
/11


 

Денис Бојаров, авторот на истата книга, денес е наш гостин. 

Рингераја: Водечкиот расказ „Нека играат децата“ освои награда за „Најдобар расказ“ на Меѓународната манифестација „Планетопија“ 2019 година. Истиот наслов го носи твоето првенче, книгата која е во издание на книжевниот центар Антолог, а се состои од 51 расказ. Рецензенти на оваа книга се Венко Андоновски и Фросина Пармаковска, што верувам претставува голема чест за секој дебитант. Како се роди тој расказ, пред се, а како збирката? Како помина промоцијата? Колку си задоволен од досегашниот успех на истата? 

Денис: Расказот „Нека играат децата“ се роди како резултат на моите три внуци од моите први братучеди. Ние често си се гледаме и често си играме физички игри. Нашата заедничка игра и радост сакав да ги споделам со другите деца и возрасни, за да може физичката игра да им биде пример за здрава игра и на останатите деца наспроти екранизираните игри на мобилните телефони, таблети и компјутери. Збирката се роди благодарение на неколку мои пријатели, кои, откога ги прочитаа повеќе од половина од расказите во збирката, инсистираа да ги контактирам издавачките куќи за да може да се издаде како книга. И јас ги послушав. Резултатот е одличен.
 
Рингераја: „Нека играат децата“ е збирка наменета за возрасни читатели. Обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, со човекот воопшто. Која беше твојата замисла и порака која сакаш да им ја испратиш на читателите? 


Денис:
Секој расказ си има своја приказна и посебна порака. Читателите веќе ги извлекоа пораките и ми се заблагодарија за издавањето на книгата, а јас сум им благодарен што и дадоа шанса на книгата. Главните пораки се однесуваат на вниманието на децата, на емпатија меѓу луѓето, но и со животните и растенијата, како и филозофски мисли за животот и нашето секојдневие.
 
Рингераја: Од каде инспирацијата? 

Денис: Од луѓето во мојот живот, од животната средина, од секојдневните настани на човекот...
 
Рингераја: Активен си во книжевниот свет - низ книжевни групи, активно читаш и пишуваш рецензии, лекторираш книги. Покрај ова, кој е Денис? 


Денис: Јас сум човек што сака да се дружи со неколкуте блиски пријатели. За жал, минатата година тоа многу малку го имав и, најмногу од сè, ми недостигаат пријателите и другарите. Но, затоа, пак, си ја имам мојата мачка Карма, која во ниту еден момент не ме оставаше да бидам сам, па заедно си читавме и книги, дури и кога бев заболен од ковид-19.

 

денис


 
Рингераја: Имаш цела низа награди за литературни творби, со кои заслужено се гордееш. Кои се тие?

Денис: Да, имам добиено десетина награди како литературни достигнувања, но едни од поомилените ми се првите награди за песната „Афродита“ и за книгата „Нека играат децата“.
 
Рингераја: Работиш ли на некое ново дело периодов? Кога можеме да очекуваме нешто ново од тебе? Каква тематика обработуваш во новото дело?

Денис: Да, во моментов пишувам роман, овој пат трилер, со примеси на драма, романса и хумор. Инспирирана е од една култна серија, која засега ќе остане во тајна затоа што книгата не е довршена. Ќе се случува на македонско тло, така што дел од настаните ќе бидат пишувани според точни информации и факти.

Рингераја: Каков жанр читаш? Имаш ли омилени автори? 

Денис: Читам многу жанрови, но едни од поомилените ми се драмите и историските. Во последниве две години прочитав многу добри книги, а знам дека ќе прочитам уште многу и понатаму. Омилени автори имам многу, но би ги споменал Венко Андоновски, Фредрик Бакман, Надја Хашими, Орхан Памук, Евгениј Водолазкин итн.
 
Рингераја: Какво е твоето мислење за нашиот народ во однос на читањето?

Денис: Стануваме народ што чита сè повеќе и повеќе, и тоа ме радува. Читаат и младите, и старите. Ние што сме членови по книжевните групи, многу добро ги забележуваме овие работи, но уште подобро се забележуваат и во книжарница, местото каде што работам. Луѓето доаѓаат, разгледуваат, бараат препораки за одредени жанрови, некои доаѓаат со цели списоци итн. Мене сето тоа ме радува и исполнува, и јас со задоволство ги услужувам. Книгата е радост, а радоста е заедничка.
 
Рингераја: Како што претходно спомна, го прележа вирусот и тоа прилично лесно. Како врз тебе се одразува тековната ситуација со пандемијата?

Денис: На почеток беше чудно и страшно... како да дошол крајот на свет. Доживувавме спиритуална апокалипса, бидејќи бевме затворени дома и паниката дополнително се зголемуваше со секојдневните вести низ ТВ-каналите. Сега веќе пандемијата, ми се чини, дека ни стана нормално секојдневие, и стравот веќе ни е научен и совладан, така што сега е веќе полесно, без разлика што носиме маска. Го победивме стравот, а наскоро се надевам и пандемијата.

Рингераја: Ти благодарам на одвоеното време. Со нетрпение ја очекуваме новата книга.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2
Вајолет Афлек се подготвува за сестричка
Малата Вајолет Афлек е забележана на училиште неиспуштајќи ја од раце својата кукличка бебе. Погледнете ги фотографиите ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?