|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Видео: Парализирана девојка прошета до олтар!

Редакција Рингераја, 16.8.2013
Дефинитивно ќе прошетам до олтарот. Како ќе изгледа тоа, не ме засега - беше сонот на парализираната невеста. И се случи. Невестата прошета до олтарот со помош на еден човек кој одеше покрај неа. Сите во црквата плачеа!

/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Некои невести се грижат каква ќе биде декорацијата на сведбената сала, а оваа невеста имаше само една желба: да прошета до олтарот.

Пред седум години, Стиви Бејл, тогаш седумнаесетгодишна девојка, доживела тешка  сообраќајна несреќа, заради која останала парилизирана од струкот надолу, а нејзиниот најдобар пријател загинал.

Првите месеци по несреќата мислеше дека нејзиниот живот е завршен:

-       „Мислев дека сум осудена да бидам дома, дека никогаш нема да имам момче и дека остатокот од животот ќе го поминам гниејќи затворена.“

Со помош на константна физикална терапија, таа повторно почна да сонува. Доживеа на нејзини 24 години да се прошета до олтарот и да се омажи.

-       „Кога видов дека полека се’ си е на свое место и дека трудот се исплати, гледајќи ја колку е убава во венчаницата, се почувствував неописливо прекрасно – изјави младоженецот Џеред Ван Осдејл“.

 

Рехабилитација и нови познанства

За време на рехабилитацијата, таа запозна многу луѓе, вклучувајќи ја и Бријана Малинџер, девојка која ја изгубила левата нога во несреќа. Брзо се спријателија и преку неа, Стиви го запозна нејзиниот иден сопруг.

-       „Се чувствував како да ја знам отсекогаш. Не ми требаше долго за да сфатам дека таа е личноста со која сакам да го поминам целиот мој живот“ – вели Џеред.

 -       „Секогаш му зборувам дека тој е тој кој во мене повторно разбуди љубов кон животот и дека поради него јас почнав да се трудам повеќе од порано“ – вели Стиви.

Една недела пред венчавката таа изјави:

-       „Дефинитивно ќе прошетам до олтарот. Како ќе изгледа тоа, не ме засега.“

И се случи. Невестата прошета до олтарот со помош на еден човек кој одеше покрај неа. Сите во црквата плачеа.

 

Подготовки за остатокот од животот

-       „Докажа колку макотрпно работеше на себе и прошета до олтарот и емотивно се подготви самата себе за остатокот од животот. Многу сум горда на неа“ – изјави мајката на Стиви, Шерил.

По церемонијата, Џеред ја изнесе од црква, а остатокот од денот го помина на столче.

-       „Тоа што таа е во инвалидска количка никогаш не претставуваше проблем и препрека за мене, можеби да не беше во количка ќе имавме предизвици од друг аспект. Секоја личност, секој брак и секој пар си има свои проблеми“ – вели Ван Осдејл.

-       „Задоволна сум со својот живот. Веќе долго сум во оваа состојба, ама тоа не мора да остане така до крајот на животот“ – изјави Стиви.

 

 

 

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Северина во бикини без грам шминка
Северина е сликата на терасата од хотелот Falkensteiner Hotel & Spa во бикини, без грам шминка и фотошоп. Погледнете как...
3
Зошто Бред Пит носи бастун?
Бред Пит се појави на доделувањето награди во Плам Спрингс со бастун, но без оглед на овој додаток, ги плени срцата со о...
3
Се омажи Елена Петреска!
И Елена Петревска конечно со веренички прстен на рака. Нашата поп пејачка по долгогодишна врска со своето момче Андреј, ...
3




Анкета

/
Jana9

Dali ste mrzliva licnost?

Da (0%)

Ne (100%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!