Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Иако во рамките на програмата на НТЦ се работи со деца, акцентот е ставен на едукација на родителите, воспитувачите и учителите, како личности кои непосредно се задолжени за развој на детето и неговите потенцијали.
Целта на образованието според мислењето на доктор Рајовиќ, мора да биде развој на функционално знаење и креативност, што не беше случај со начинот на учење и образование на просторите од поранешна Југославија.
„Сите ние бевме убедени дека нашите училишта се најдобри, дека нашите деца се најдобри. Меѓутоа, кога почнаа ПИСА тестирањата (Меѓународна програма за проценка на постигнувањата на учениците), констатиравме дека нашите деца се меѓу последните во Европа. Тие не се снаоѓаат кога од нив се бара да ги поврзуваат информациите. А тоа значи употребливо, функционално знаење. И токму од тоа знаење зависи и нашиот БДП. Па на што да се надеваме за следните 20 години, ако нашите деца од 15 години се под европскиот просек?! Единствено Словенија е во подобра позиција, таа се наоѓа меѓу првите пет држави во Европа. Под просекот се Србија и Хрватска, многу далеку се БИХ и Црна Гора, и на последно место, не само во Европа, туку и во светот, е Македонија. Иако многумина сметаат дека овој тест не е важен, моментално тој е единствениот показател на знаењето во одредени земји“, истакнува тој.
Рајовиќ смета дека родителите се тие кои први мораат да преземат мерки, потоа на ред доаѓаат образовните институции и државата.
„Се поставува прашањето која е главна работа на секое дете? Па, да се движи и притоа да падне, па и да се повреди за да научи како треба да се дочека при падот“, вели Рајовиќ, кој е еден од најистакнатите стручњаци за ран развој на интелигенцијата кај децата.
Тој смета дека најголемата грешка што денес ја прават родителите, е претераната заштита на децата. Се разбира дека тие тоа го прават од најголема љубов, но мора да ја знаат границата помеѓу заштита и претерана заштита на децата, која го попречува раниот развој на детето.
Последните истражувања покажуваат дека секоја нова генерација деца е сè послаба, затоа што родителите со својата претерана заштита, едноставно не дозволуваат детето да ги развие сопствените биолошки потенцијали.
„Едукацијата на родителите е многу важна. И ден-денес кога ги прашувам родителите колку е важна генетиката, а колку опкружувањето, за развој на детската интелигенција, мислењата се поделени. Замислете дека многу интелигентни родители добиле син. Тој син веќе пет години живее сам во својата соба и не комуницира со никого. Дали тоа дете ќе ја наследи интелигенцијата од своите родители? Не, тоа дете ќе биде ментално заостанато. Значи, тука гледаме дека опкружувањето во кое се развива детето има стопроцентна важност. Потоа се прашуваме, а што со генетиката? И генетиката е 100 % важна, но развојот на тој генетски потенцијал зависи од опкружувањето.“
Честа појава е и форсирањето на децата истовремено да посетуваат и по неколку активности надвор од училиштето, и во тој случај им останува премалку време за играње, што не е добро.
„Не смееме да ги тераме децата од активност во активност, или пак да им дозволиме да играат на компјутери или таблети неограничено време“, вели Рајовиќ. „Компјутерот не е игра и не може да го замени родителското внимание и посветеноста. Работа на родителите е да го направат детето што посреќно и поснаодливо. Времето кое родителите го поминуваат со детето, нема замена.“
Користењето на модерните технологии кај децата е во ред, сè додека е контролирано од страна на родителите, бидејќи во спротивно, може да предизвика и штетни последици.
Доктор Рајовиќ појаснува колку е важно родителите да разликуваат што е добро, а што не за детето, зошто е нешто добро а друго не е, и како да му помогнат на детето кога ќе направи грешка.
„Кинезите би рекле дека грешките создаваат искуство, а искуството е почеток на мудроста. Никој не сака да прави грешки на сметка на своето дете. Затоа е најдобро да се едуцираат, за да не дојдат во ситуација да грешат. Децата брзо растат, а грешките тешко се поправаат.“
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?