Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Облека:
1 дете: Трудничка облека почнувате да носите веднаш штом гинекологот ќе Ви ја потврди бременоста.
2 дете: Нормална облека носите се додека Ве собира во неа.
3 дете: Ваша нормална облека е трудничката облека.
Име за детето:
1 дете: Читате лексикони со имиња, заокружувате, додавате, избирате.
2 дете: Некој треба да го крсти детето по прабабата Стевка, па зошто тоа да не бидете Вие?
3 дете: Го отворате именикот, ги затворате очите и гледате каде Ви застанал прстот. Здравко? Одлично име!
Подготовка за породување:
1 дете: Многу сериозно вежбате дишење.
2 дете: Не се оптоварувате премногу, бидејќи дишењето не Ви помогна многу првиот пат.
3 дете: Барате епидурална анестезија во 8. месец од бременоста.
Опрема за бебе:
1 дете: Внимателно ја перете облеката, ја редите по големина и боја во шкафчето.
2 дете: Проверувате дали облеката е валкана и ја перите онаа со најголеми дамки.
3 дете: И момчињата може да носат розово, зар не?
Грижа за бебето:
1 дете: Плачете секој пат кога е детето вознемирено и веднаш го земате в раце.
2 дете: Во раце го земате ако постои опасност дека ќе го разбуди првото дете.
3 дете: Го учите своето тригодишно дете да го држи бебето додека има грчеви во стомачето.
Активности:
1 дете: Го носите детето на гимнастика, пливање, во игротеки, на излети и на прошетка.
2 дете: Детето го возите во кола на прошетка.
3 дете: Детето го возите до супермаркет.
Вечерни излегувања:
1 дете: И се јавувате на бебиситерката на секои пет минути.
2 дете: Малку пред да го напуштите домот се сеќавате дека треба да оставите број на кој сте достапни.
3 дете: Бебиситерката може да Ви се јави само ако детето се повреди.
Дома:
1 дете: Поголем дел од денот како маѓепсани гледате во детето.
2 дете: Поголем дел од денот внимавате постарото дете да не го повреди помалото.
3 дете: Секој ден се трудите барем на кратко да се сокриете од децата.
Цуцла:
1 дете: Кога цуцлата ќе падне на подот задолжително ја стерилизирате.
2 дете: Кога цуцлата ќе падне на подот, ја миете под млаз вода.
3 дете: Колку повалкана цуцла, толку повеќе ја сака.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Водич за зајакнување на детскиот имунитет
Имунитетот кај децата е систем кој постојано се развива, особено во пр...
Кога да се грижите ако детето користи агресивен говор?
Агресивниот говор кај децата како викање, навредување или користење гр...
Како да се подготвите за спермограм?
Спермограмот е едноставен тест, но подготовката за него прави огромна ...
Кукањето, плачењето и викањето се нормален дел од детскиот развој, осо...
Позиции на лежење на бебето по месеци
Во првите месеци од животот, положбата во која лежи бебето е многу важ...
„Намаз“.
пеперутка16
Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?