|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Примена на методот Монтесори во секојдневието

Редакција Рингераја, 6.6.2016
Популарната во целиот свет техника, на Марија Монтесори може да биде користена не само во училиштата и градинките, туку и дома. Ви нудиме неколку совети преку кои може да се применува оваа пракса во секојдневниот живот на вашите деца

image
/11


 

Марија Монтесори е првата жена која го завршува Универзитетот во Рим. Таа е психијатар и педагог, чија иновативна мисла не останува неоценета. Во 1909 година, се појавува нејзината публикација на тема: "Методот на научната педагогија спроведен во образованието на децата во детските домови", кој години подоцна стана основа на современата педагогика. Во него за прв пат се фокусира на развојот на спонтаноста кај децата.

    "Детето - пишува Монтесори, го развива својот потенцијал, само кога е оставено слободно да се изразува, а не кога принудно му е наметнат некој модел на учење".

Идејата која стои зад револуционерниот метод на Марија Монтесори е дека детето треба да биде слободно да го истражува светот околу себе со увереноста која му ја дава внатрешниот импулс кон учењето. Во таа смисла, љубопитноста на детето е вистинскиот мотор кој, ако биде оставено да го води, без мешање, ќе помогне за развивање на целиот спектар на способности кои ги поседува.

Само на тој начин детето се учи на самоконтрола. Всушност, според Монтесори детето по природа е сериозно, дисциплинирано и сака ред. Ако тоа влезе во контакт со соодветните педагошки техники и е предводено од добар едукатор, тоа е во можност да се самообразова и да го расплетува својот потенцијал.

Методот Монтесори има илјадници следбеници низ целиот свет. Училиштата и градинките го прифатиле и го следат овој начин на учење.Во домашни услови е исто така можно да го обучувате детето на оваа техника. Еве неколку совети како да го направите тоа:

Ви препорачуваме прво да прочитате некоја од книгите посветени на методот Монтесори, за да можете полесно да се снајдете што ви е потребно при неговата примена во домашни услови.

За да може детето да се чувствува слободно да биде активно и да учи е добро да го организирате ентериерот дома така што да го стимулира потенцијалот за откривање на детето.

 

Детето треба да учи додека е активно – додека паѓа, лазе, обидувајќи се да оди. Затоа сите условни бариери и ограничувања кои ги поставуваме пред детето всушност се деградивни од гледна точка на Монтесори. Улогата на родителот е да му помогне на детето да го открива светот, движејќи се без страв од болка или укор.

Една од најпопуларните идеи на Марија Монтесори е дека за да биде од корист училишната средина во која се наоѓа детето, таа треба да биде на неговото ниво. Маси, мали столици, кревети - сè мора да е со соодветни димензии. Бидете внимателни, сепак да не ја преминете границата со инфантилното или да не се стави детето на пиедестал. Идејата е да се чувствува еднакво меѓу останатите, а не тоа да стане диктатор на куќата. Нема ништо опасно!

Не е потребно да купувате специјални играчки и скапоцености. Децата не ја сфаќаат вредноста на предметите и пред се често преферираат да си играат не со свои играчки, туку со предметите на родителите.

Умот на децата е како сунѓер кој впива (памти) се. И кога велиме сè, навистина го имаме предвид сето тоа. Тоа можеби е најважната мудрост, на која не учи Монтесори. Нашиот гнев станува нивен, стравовите и агресивното однесување можеме да ги видиме како во огледало кај децата. Затоа никогаш не треба да ја заборавиме оваа едноставна вистина.

Да се ??следи методот Монтесори дома е лесно, само треба да оставите да учите од вашите деца, а не обратно.

Спонтаноста и среќата во малите нешта, како да седнете на земјата заедно со нив, да работите со бои или брашно, ќе ви помогне да го видите светот во чистите детски очи. Ова ќе ве наполни со позитивна енергија и ќе најдете спокојство и вистинска среќа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
Детето не сака да оди на училиште?
Одењето во училиште обично е возбудлива и пријатна активност кога децата се мали, но некои од нив можеби имаат зголемен ...
3
Како да се смирите кога ќе Ве разлутат дец...
Да не бев толку поспана и раздразлива, можеби ќе се смеев на нивната реакција, но овојпат ми се чинеше дека нивната еди...
3
10 совети за родителите во Новата Година
Нова Година...нови одлуки и решенија, важни за Вас и за Вашите најмили.
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?