|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прво писмо за мојата мајка

Редакција Рингераја, 19.9.2012
Поминаа само неколку денови откако се запознавме. Всушност, кога подобро ќе размислам, нашето запознавање почна многу, многу порано. Веќе девет месеци безгрешно се чувствуваме еден со друг: ти моите движења, јас твојата загриженост, незадоволство...
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Сега конечно се сретнавме. Дали средбата со мене малку те разочара? Признавам, јас не сум буцкасто, плавооко и плавокосо бебе кое можеш да го видиш на телевизија. Не сум такво, но сум твое бебе и од сега започнуваме заеднички живот.

Време е да почнеме да се запозванаме. Пред нас е долг период во кој треба да се научиме да се разбираме. И двајцата мора да бидеме трпеливи. Понекогаш нема да го разбираш мојот плач. Можеби ќе се лутиш. Понекогаш ќе се чувствуваш виновна, бидејќи не си во состојба да ме разбереш веднаш. Те молам, имај трпение. За две личности да се сретнат и да се откријат, потребни се денови, месеци, години...

Јас ќе те запознаам тебе преку топилината која зрачи од твоите раце, од твојата прегратка и твојот глас. Преку тебе ќе го запознаам светот. Затоа немој да молчиш,  бидејќи твојот глас  ми значи повеќе од храната која ми ја даваш.

Во првите месеци ќе бидеш целиот мој свет. Ако ме земеш во прегратка за да ме подоиш, прави го тоа топло и нежно. Немој да бидеш нестрплива. На некои бебиња им се потребни десетина минути за да се нахранат, а на други многу, многу повеќе. Запознај го мојот ритам.  Краток одмор на твоите гради ми значи исто колку и млекото кое ми го даваш. Ако ме храниш со лажиче, не прави го тоа преку оградичката на креветчето. Можеби така е поедноставно и побрзо, но мене си ми потребна ти и топлината која зрачи од твојата прегратка.

Кога ќе дојдеме дома, во првите денови ќе има многу луѓе околу нас . Посебно жени кои многу повеќе од тебе  знаат за бебиња. Без оглед на тоа, допушти му на татко ми да биде до мене. Можеби е невешт во повивање, но верувај ми, тоа нема да ми пречи. Многу ми е важно да ме запознае во првите денови и сите заедно да станеме семејство.

Ако дома ме чека уште едно мало битие, тоа ги комплицира нештата. Посебно за тебе, која мораш да се бориш со неговата љубомора, незадоволство, бес. Љубомората е тешко искуство и не може да се реши преку ноќ. Потруди се грижата да ја поделиш на двајцата. Тоа ќе биде бавно, исцрпувачки, но тоа е единствен начин да не зближиш и да ни овозможиш да се прифатиме и засакаме.

А јас на твојата љубов ќе одговарам со насмевки, слатки бакнежи и зборови.

 

Мамичке, те сакам!

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
5
Силна жена
Ти силна жено, колку болки, колку ножеви те распараа, жено? Колку ли страдања преживеа жено? Еј, ти жено...
5
Детето беснее, што да (му) правам?
Кога малите деца имаат изливи на бес, родителите ги гледаат само последиците преку нивното однесување, а всушност треба ...
4
Не давајте антибиотик без причина
Никогаш на своја рака не му давајте антибиотик на вашето дете! Секогаш консултирајте се со стручно медицинско лице, доне...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?