|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Продолжен е зимскиот распуст за учениците

Редакција Рингераја, 21.1.2019
Зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта ќе продолжи и наредните два дена. Второто полугодие почнува в среда на 23 јануари. Ова е одлуката на МОН и Министерството за животна средина поради високото ниво на загадување на воздухот

image
/11


„Оваа училишна година 2018/2019 година за сите основни и средни училишта во Република Македонија ќе се одложи за два дена односно второто полугодие, планирано е да започне в среда на 23 јануари 2019 година. Оваа одлука на МОН се потпира на препораките на надлежните институции, исто така е во функција на заштита на здравјето на нашите деца“, изјави Арбер Адеми – министер за образование.

И од Град Скопје презедоа итни мерки во услови на висока загаденост. Меѓу главните е бесплатниот јавен превоз и двојното зголемување на цените за паркирање на возила на паркинзите под надлежност на Град Скопје.

„Јавниот превоз на Град Скопје од овој момент е бесплатен што значи дека граѓаните ќе можат да ги користат државните и приватните автобуси до моментот на намалување на загадувањето на воздухот за што граѓаните ќе бидат информирани на време. Градот Скопје ги забранува сите градежни активности во подрачјата кои се под надлежност на Град Скопје, ги повикуваме сите градоначалници на соодветните општини да ги прекинат градежните активности кои се под нивна надлежност. Цените за паркирање кои се под Град Скопје од моментов двојно ќе се зголемат се додека не се укинат итните мерки“, рече Валон Салиу, портпарол на Град Скопје.

Другите мерки што ги најави Град Скопје се: Јавното претпријатие Комунална Хигиена постојано да ги чисти улиците, а Министерството за внатрешни работи да ги засили контролите за правните лица кои вршат дистрибуција на стоки.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
6
Идеи за велигденски декорации
Велигденските празници се одлична можност да се забавувате со Вашите најмали, а во исто време да ја развивате и нивната ...
6
Што кога детето се плаши од фризер?
Викање, плачење и тргање се најчестите “несакани ефекти”, кога родителите ги носат своите деца за потстрижување во фризе...
5
Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?