|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што кога детето се плаши од фризер?

Редакција Рингераја, 31.5.2018
Викање, плачење и тргање се најчестите “несакани ефекти”, кога родителите ги носат своите деца за потстрижување во фризерски салон. Со закани, поткуп или со супербрзо шишање “ненадејно” без претходна најава, обично не се постигнува саканиот ефект
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


За среќа, постојат едноставни трикови за да се избегне драмата, но потребно е малку трпение.

1. Нормално е тоа што детето се чувствува несигурно кога е во фокусот на вниманието во непознат простор и меѓу непознати луѓе, особено ако сите му викаат да седне на столчето “заробено” во заштитна кецела. Затоа почнете обратно. Прво однесето го детето да го види салонот и да се запознае со фризерот. Најдобро за него ќе биде незадолжителна посета на салонот во придружба на некој член од семејството.

2. Не бидете изненадени ако детето се плаши од ножици, особено ако дома му имате врежано во глава дека не смее да ги допира ножиците без прашање, бидејќи би можел да се повреди. И зуењето и непосредниот допир со “машинката” за шишање можат да бидат непријатни за детето. Оттука треба да му се објасни како и зошто ножиците и апаратот се користат во фризерскиот салон.

3. Шишањето нека биде игра, а не “сериозна работа”, која треба да се заврши без губење време. Дома играјте се фризер, а кога одите во фризерски салон, земете ја со вас и омилената играчка на детето.

4. Најсоодветен избор на салони се оние кои се специјализирани за деца, бидејќи целиот ентериер е адаптиран за најмладите и постојано доаѓаат и други деца. Ако не можете детето да го однесете во таков салон, изберете фризер кој веќе има искуство во работа со деца.

5. Одвраќање внимание речиси секогаш “пали”, па дури и ако детето ви ја потроши батеријата на телефонот играјќи видео игри.

6. Ако детето се плаши од фризер, сигурно нема да го примените правилото “клин си клин се избива.” Со сила стравот се зголемува и може да се конвертира во фобија. Ако детето е премногу мало или премногу немирно да седи само, задолжително е да седне во скутот на мајката или таткото. По пат можете да го окупирате со некоја играчка или цртанка.

7. Најдобро е за време на шишањето децата да седат спротивно од огледалото. На тој начин нема да гледаат што се случува.

8. За да не се исплаши детето повеќе, избегнувајте миење на косата во салонот. Доволно е косата малку да се попрска со вода пред шишањето.

9. Не ги игнорирајте детските желби – изгледот веќе во предучилишна возраст е важен и за најмладите – но во одредени рамките почитувајте го неговото мислење. Така ќе сфати дека тоа не е исклучено од она што се случува, туку дека и самото зема учество во креацијата на косата.

10. По шишањето пофалете го вашето дете дека е добро и восхитувајте се на неговата убава фризура. Можете и едно селфи за спомен – на децата ќе им се допадне заедничкото селфи кое мама и тато гордо ќе го покажуваат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со мајката на киднапираното девојче
Татјана Димитровска - мајка на која детето и е насилно одземено, а која според судот, законот и природата има апсолутно ...
6
Што се` може една мајка?
Жената не знае за што е способна се додека не стане мајка. Тогаш на сцена стапуваат сите нејзини способности и вештини. ...
4
ХПВ вакцина - колку е навистина ефикасна?
Карциномот на грло на матка е секако една од најголемите закани по здравјето на жените, со тоа што над 85 % од случаите ...
4
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali gi podrzuvate sekogas vasite deca vo nivniot izbor?

Da (40%)

Ne (0%)

Ponekogas (60%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!