|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Природата во рамка - уникатна уметност на Радически

Марина Кљајиќ Петковски, 13.12.2021
Природата постојано фасцинира со својата уникатна убавина а уметничката душа умее да препознае потенцијал во скоро секој нејзин сегмент. Една таква необична и несекојдневна уметност создава Александар Радически од Гостивар

image
/11


 

Природата постојано фасцинира со својата уникатна убавина а уметничката душа умее да препознае потенцијал во скоро секој нејзин сегмент. 

Една необична и несекојдневна уметност создава Александар Радически од Гостивар, која се среќава како „Stone Art“, или „Pebble Art“, односно „Врамени слики со каменчиња и природни материјали“.

 

"Камчиња се насекаде околу нас и секое си има своја посебна убавина и приказна. Секое се разликува од другото по својата форма, облик, структура и со тоа секое камче посебно и уникатно само по себе. И она камче кое изгледа најобично и наједноставно во себе крие одреден детал или тајна кои го прават камчето посебно и фасцинантно." - ја започнува Александар својата приказна за оваа негова пасија. 

 


Колекционер е на преку 15.000 уникатни камчиња кои ги чува уредно распоредени по теми, бои, облик, и спакувани во специјални фиоки. Каменчињата најчесто ги собирал на патувања (езера, реки, плажи, мориња, планини) , ни открива Александар.

 

slika1

Радически е уметничка душа и неговите интереси како и работата, секогаш биле и се поврзани со уметноста,како и со фотографија и рачната изработка на слики,поставени на природна подлога од орев, костен, цреша и до природни материјали или камчиња.

 

slika2

Рингераја: Кога и како започна со колекционерство на камчиња?

Александар: Со колекционерство ( собирање) камчиња почнав пред околу 10тина години. Случајно започна тоа мое хоби/ пасија. Се почна на еден летен одмор каде на плажа случајно забележав неколку убави камчиња кои истите одлучив да ги сочувам. Со тек на времето, секое следно убави забележано камче само ја зголемуваше мојата колекција, која брои повеќе од 15000 уникатни и уредно селективно групирани камчиња. 

Рингераја: Како дојде до идејата за да ги создаваш овие дела?

Александар: Откако помина извесен период од веќе настанатата колекција, одлучив од истите да направам нешто, се одлучив тоа да биде слика со внесени / врамени камчиња, надополнета со природни материјали, и така до ден денес а верувам и понатака ќе остане дел од мене оваа уметност.

Рингераја: Кое беше твоето прво дело?

Александар: Моето прво дело е „Цвет“. Тоа беше првото нешто кое ми падна на памет како идеја и истото го реализирав во 2016 година. Всушност од тогаш почнав да се занимавам и да творам во овој уметнички правец „Stone Art“" . 

Рингераја: Кажи ни нешто повеќе околку процесот и начинот на создавање "Врамени слики со каменчиња и природни материјали"? 

Александар: Камчињата кои ги користам за сликите се само лакирани, со цел да се потенцира нивната природна убавина и сјај, онака како што ги наоѓаме во нивната природна средина, водата. Подготовката на камчиња лакирањето трае ден-два. Додека целосното создавање на сликата со камчиња и останатите природни материјали, трае од 5 до 8 дена. Тоа подразбира и воедно бара исклучително трпение, концентрација, смиреност и голема љубов пред се. Оваа уметност опфаќа детали што навидум се едноставни а сепак за нив се вложува многу труд. 

Рингераја: Си посетувал ли некоја обука за истото?

Александар: Не, ништо немам посетувано, с? произлезе од мене лично, од моја замисла, логика, начин на работа, концепти итн. 

slika3

Рингераја: Каде ги нудиш на продажба изработките?

Александар: Најчесто на социјалните мрежи,но би кажал дека и те како најдобра реклама се самите купувачи, со нивните сугестии. 

Рингераја: Изработуваш ли дела по нарачка, имаш ли некои конкретни барања од купувачите?

Александар: Секогаш во принцип е така, работам само по нарачка, готови не творам, освен за себе, бидејќи со готовите дела купувачот е ограничен, во спротивно си кажува што и како би сакал, тема, димензии, материјали итн.. Да, има конкретна побарувачка од купувачите на одредена тема, но најчесто предлог темата е избрана од купувачот, додека се друго се остава на мој избор.

Рингераја: Покрај pebble art, изработуваш и други производи и творби.

Александар: Да, творам и многу други работи, изработувам накит од самите камчиња, дрвени минијатурни кутии, ланчиња,кутии за накит, држачи за накит,вазни ...

slika4

Рингераја: Сметаш ли дека доволно е ценета рачната изработка?

Александар: Делумно да, би кажал по тоа прашање, ценета е, не дека не е, но како да фали уште, можеби тоа е до размислувањето и замислата на нештата на самите купувачи, бидејќи не секој (што е и нормално) има увид и преглед на одредено творење,во секој дел на уметноста постојат дела, изработки, слики итн што навидум се многу едноставни асеоак тежок е патот до нивна реализација. 

Публиката го гледа само производот и го плаќа само како производ, но го занемарува начинот на кој е дојдено до самото дело. Лично сметам производот е тој што последен се плаќа, начелно се плаќа уникатноста и начинот на творбата,па на крај е самиот производ. 

Му благодарам на Александар за издвоеното време и му посакуваме уште многу успеси во творештвото и во иднина. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Елена Ристеска ја закажа свадбата во јуни
Пејачката Елена Ристеска и нејзиниот свршеник Бојан, ја закажаа свадбата на 8. јуни, во луксузниот хотел Александар Пала...
4
Што треба да знаеме кога купуваме суплементи
При купување на суплементи, есенцијално е да го разбереме значењето на нивниот состав и начинот на производство. Составо...
4
Разговараме со нутриционист Ирина Георгиева
Дебелината е еден од почестите проблеми со кои се соочуваме. Таа сама по себе е непријатна, а не ретко повлекува сериозн...
4
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?