Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Без разлика дали се слави раѓање на бебе, крштевка, роденден, матура, промоција, запросување, моминската вечер, свадба... балоните ќе ја комплетираат секоја од овие прилики.
Креативните и вешти раце на Moon balloon decor создаваат волшебни украси со балони, прилагодени на приликата и темата на самиот настан, и секако, на вашите желби.
Позади овој бренд стои Милена Бошковска, мајка на малата Мина.
Во тек се подготовките и наскоро најзначајната декорација од балони ќе блесне во Скопје, каде ќе биде отворена и продавница на Moon balloons decor.
Понудата е достапна на територијата на целата земја.
Рингераја: Кои производи поточно ги има во вашата понуда?
Moon balloons: Претежно работиме декорации за родендени, прослави и настани, меѓутоа во нашата понуда може да се најдат и други производи како декоративни кутии, постери за мајки и деца, картички и сл.
Рингераја: Колку време работите и како дојдовте до идејата?
Moon Balloon постои 2 години. Идејата била од секогаш тука меѓутоа сум немала време да ја реализирам. Пред 2 години кога ми се роди ќеркичката Мина ( од таму е и името Moon ), бевме на сред пандемија и сите затворени дома почнав со online продажба на рачно изработени држачи за цуцли и траки за коса. Со тек на време како што ни се врати животот во нормала се појавија и декорациите, првично беа на барање на мои блиски роднини и пријателки а подоцна и професионално за што ми требаше одреден период на стручна подготовка во таа област.
Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за вашите услуги?
Рингераја: Колку сте задоволни од досегашното работење?
Moon balloons: Кога гледам дека клиентите се задоволни од мојата работа секако дека и јас сум задоволна.
Рингераја: Производите се достапни на Инста и ФБ профилите. Ваши идни планови? Можеби некој нов производ?
Moon balloons: Плановите за во иднина се исто како и до сега да ствараме задоволни клиенти и калко и до сега да бидеме достапни со нормални цени. Во однос на нов производ конкретно не сум размислувала до сега, меѓутоа во преговори сум со фирми надвор од државава во однос на подобрување на квалитетот на постоечките произвои и зголемување на нивниот асортиман.
Рингераја: Што би им препорачале на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?
Moon balloons: Нема да биде лесно, ќе има подеми и падови, но доколку на крајот на денот тоа е она што вам ве исполнува вреди да се проба. Кога имаш точно одредена цел треба само да донесеш одлука и да одиш до крај.
забава Бремените
Автор: bobik
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Отворената комуникација меѓу партнерите е основа за длабока интимност ...
Во денешно време се повеќе гледаме фотографии од „идеални“ фамилии сек...
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е важна?
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, м...
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: