vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Од топли, суви денови до ненадејни студени утра и ветровити вечери, променливото време ја става кожата на вистински тест. Ако не ? понудиме прилагодена нега, брзо ќе ни одговори со сувост, иритации, црвенило или масна зона во „Т“ зоната.
Но, со неколку мали прилагодувања, кожата повторно може да заблеска.
Зошто кожата „полудува“ при промена на времето?
Кожата е најголемиот орган на телото и нејзината примарна функција е заштита. Кога температурите нагло се менуваат, од топло во ладно или обратно, кожната бариера се нарушува. Влажноста во воздухот се менува, функцијата на лојните жлезди се пореметува, а клетките губат способност за задржување на влага.
Резултат на сето ова е сува, затегната кожа, со појава на мозолчиња или лупење.
Клучни прилагодувања за здрава кожа во непредвидливо време:
1. Лесна хидратација наутро, подлабока навечер
Во текот на денот, кожата има потреба од лесна, но ефикасна заштита, особено ако сте изложени на сонце, ветер или загадување. Но навечер, кога клетките се обновуваат и треба подлабока нега. Изберете креми со хијалуронска киселина, сквалан или пантенол.
2. Не заборавајте на заштитниот фактор, дури и кога е облачно
Многумина мислат дека заштитниот фактор е резервиран само за лето, но УВ-зраците се присутни и кога не го гледаме сонцето. Во услови на променливо време, SPF 30 треба да биде дел од утринската рутина, секој ден.
3. Прилагодете го чистењето
Ако времето е суво, избегнувајте агресивни пенливи средства за миење. Употребувајте благи гелови или млеко за чистење кои не ја сушат кожата. Кожата што е премногу исушена ќе произведува повеќе масло како одбрана, што води до акни или иритации.
4. Маски и серуми
Серум со ниацинамид за смирување или маска со алое вера по студен ден се совршени за користење кога кожата реагира на надворешната средина.
5. Внатрешна хидратација за надворешен сјај
Во денови кога времето „игра топло-ладно“, лесно забораваме да пиеме доволно вода. Но кожата веднаш го чувствува тоа. Пијте барем 6–8 чаши дневно, а можете да додадете и билни чаеви или вода со лимон за дополнителна антиоксидативна поддршка.
Секој пат кога ќе почувствуваш затегнатост, непријатно пецкање или зголемена чувствителност, тоа е сигнал дека кожата бара адаптација на рутината на одржување. Таа не треба да биде крута, туку треба да се прилагоди на временските услови, сезоната и вашиот животен стил.
Давајте и го она што и треба, кога и треба. Таа ќе ви врати со сјај, рамнотежа и самодоверба во самите себе.
3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...
Вистинската паста за заби за вашето дете
Грижата за детските заби започнува уште со појавата на првото запче. ...
Бартолиновите жлезди се мали жлезди кои се наоѓаат во женскиот репроду...
Промената на улогите во семејството низ генерациите
Семејството отсекогаш било темел на општеството, но неговата структура...
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?