vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Имунолошкиот систем е тој кој ви помага да го одбраните телото од болести и состојбите предизвикани од инфекции. Исто така, имунолошкиот систем е тој кој ви помага да спречите создавање на канцерогени станици.
Проблемите со имунолошкиот систем може да предизвикаат болести и инфекции, а истиот може да ослаби од разни причини. Можеби е крајно време да престанете со некои навики.
Стрес
Хроничниот стрес може да го зголеми ризикот од грипови и настинки, но и сериозни здравствени проблеми, како што се срцеви болести и дијабетес тип 2. Ако го игнорирате хроничниот стрес, ја доведувате својата здравствена состојба под голем ризик. Хроничниот стрес може да предизвика хронично високо ниво на хормонот на стрес и да го ослабне имунолошкиот систем.
Неправилна исхрана
Долгорочната неправилна исхрана, консумацијата на рафинирани шеќери и храни полни со пестициди и адитиви можат да го ослабнат имунолошкиот систем. Здравата прехрана е темел на здравото тело. Таа треба да содржи многу овошје, зеленчук, житарици и млечни производи. Едно истражување покажало дека способноста на белите крвни зрнца да го одбранат телото од бактерии е значително пониска 5 часа по консумацијата на 100 гр. шеќер.
Прекумерна консумација на алкохол
Кога алкохолот се консумира во прекумерни количини, може да ја намали способноста на клетките за уништување на бактериите. Оштетениот имунолошки систем е неизбежна последица на долгорочното прекумерно консумирање на алкохол. Накратко речено, прекумерната консумација на алкохол ќе ја зголеми зачестеноста од појава на настинки и грипови.
Недостаток на сон
Без соодветна количина на сон, имунолошкиот систем не добива шанса да се опорави и станува се послаб. Недостатокот на сон е тесно поврзан со намалена количина на Т клетки. Тоа се вид на бели крвни клетки кои му помагаат на телото да се одбрани од болести. Бројните истражувања покажаа дека недостатокот на сон го зголемува ризикот од појава на различни болести.
Дебелина
Дебелината може да го ослаби имунолошкиот систем. Може да влијае на способноста на размножување на белите крвни клетки, на производството на антитела и помошта при превенција на воспаленијата. Истражувањата покажале дека дебелеењето може да ја намали способноста на телото да ја спречи појавата на болести, но и одбрана од болеста во краток рок.
Недостаток на вежбање
Во текот на вежбањето се подобрува циркулацијата на крвта, а тоа го поттикнува ослободувањето на токсини од телото. Подобрената циркулација го поттикнува производството на антитела и бели крвни зрнца, кои се најважни за одбрана од инфекции. Само 20 минути пешачење дневно се потребни за вашиот имунолошки систем да ја почувствува предноста и да почне подобро да функционира.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...