vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Иако вам ви изгледа дека вашето дете потполно го „надгледува“ својот велосипед и случувањата во околината, не заборавајте дека децата до шестата година сеуште не се доволно зрели за да може да ги пуштите сами со велосипед на патот.
Потполно предадени на возењето и играта, децата ниту ги гледаат и ниту ги слушаат автомобилите и другите возачи кои се движат кон нив. Освен тоа, сеуште имаат проблеми со рамнотежата и употребата на кочниците. Затоа не треба да ги испуштате од вид и предупредувајте ги на случувањата во сообраќајот. Со шест години детето веќе почнува да ги разбира правилата во сообраќајот. Ќе го научите да вози безбедно доколку му објасните колку е важно да ја намали брзината кога му се приближува автомобил, каде воопшто смее, а каде не смее да вози со велосипедот (избегнувајте сообраќајни патишта). Пред се вие морате да му послужите како пример на своето дете - со своето внимателно возење и редовно носење на кацигата која често спречува тешки повреди на главата.
Затоа мора при купување на кациги да внимавате на тоа дали одговара на детската глава и дали е тестирана. Детето треба кацигата да ја носи поместена напред на челото – работ на кацигата нека биде околу 1 см над веѓите. При носењето на кацига мора да бидете доследни. Детското приговарање за топлината под „тврдата капа“ не смее да ви попречи во вашата доследност, па дури и да се работи за неколку метри на возење.
6
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали либидото е показател за плодност?
Либидото, односно сексуалната желба, може да се менува во различни пер...
Како се менува женската плодност со возраста?
Женската плодност природно се менува со текот на годините. ...
Зошто на детето му е потребно вистинско пријателство?
Пријателствата имаат важна улога во растењето и развојот на секое дете...
Играчките не се само за забава
Играчките не се само средство за забава. Тие се важен дел од детството...
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...