|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Правилен раст и развој на децата

Промедика, 5.9.2018
Пореметувањата во развој на најмладата популација на коскено-зглобно-мускулниот систем се секогаш актуелен проблем. Денес проблемот особено е присутен поради современиот начин на живот. Секоја година с? поголем број на деца имаат деформитет на рбетот
Клучни зборови:

image
/11


Причините не се секогаш познати но со сигурност настануваат во најраната возраст. Покрај деформитетите на рбетот денес се повеќе се среќаваме со гојазност, хипотрофија на мускулатурата, рамни стапала, деформитети на долните екстремитети. Постојат податоци дека рамните стапала се застапени во 90 проценти од детската популација, а причина e современиот стил на живеење.

Денес децата се физички помалку активни, голем процент се неактивни. Не се играат детски игри во природа и надворешен амбиент. Играњето се сведува на игри на компјутер, лаптоп, телефон и покрај телевизор. Начинот и стилот на животните навики е наполно сменет. Мора да се спомне и одсуството на родителите и трката по финансиска благосостојба, а за децата се има с? помалку време.

 

1

 

Меѓу причините се и условите во училиштата. Важна улога имаат школските клупи, положбата на седење, осветлувањето, проветрувањето, хигиената, времето поминато на столче. Потребно е одморот меѓу часовите да биде активен.  Школските ташни (торби) се ризик фактор за правилно држење на телото со пренапрегнување на одредени сегменти и преголем товат за детската фигура. Положбата секако е важна и во домашни услови како и времето поминато надвор со играње и трчање.

Факторот исхрана дополнително ја преполнува чашата. Денес се храниме претежно со брза храна која не го задоволува дневниот внес на потребните енергетски состојки кои се многу важни за правилен раст и развој на детскиот организам (протеини, минерали, витамини, микроелементи, соли, вода).

Секако најзначаен ризик фактор е физичката пасивност. Недостатокот на физичка активност директно влијае на правилниот развој на мускулите, коските и лигаменто-тетивниот апарат. Наставата по физичко воспитување треба да биде застапена со поголем фонд на часови, а секако и активно учество на децата во истите.

Препорака до секој родител – да биде активен посматрач на своето дете, да го следи будно развојот, активностите и потребите за правилен раст и развој на детето. Доколку се приметат отстапувања да се побара совет, помош или мислење од стручни лица, пред се од докторите (матичен, ортопед, физијатар), потоа од класните раководители и професорите по физичко воспитување.

 

пишува Д-р Ирина Попдимитрова Митревска, спец. по физикална медицина и рехабилитација 

 

logopromedika

6 работи што треба да му ги кажете на ваше...
Силната врска помеѓу децата и родителите се темели на љубовта и комуникацијата. Научете како да разговарате со вашето де...
9
Елементи во домот - фатални за децата!
Чајарници, соголени жици и стаклени чаши се опасни за децата. Колку други работи знаете?
4
Јајца украсени со парчиња од салфетки
Многу лесен и ефектен начин за украсување на велигденски јајца без да си ги валкате рацете во боја
4
Зошто го задржав своето презиме кога се ом...
Зошто мора презимето да биде на сопругот? Зошто мора да биде комбинација на моето моминско и неговото презиме? Што сум ј...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Veruvate li vo bajacki
bebence1

veruvate li vo bajcki,protiv uroci islicno

da (63%)

ne (37%)


Број на сите гласови: 19

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!