|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Амбициозните родители влијаат негативно на децата?

Редакција Рингераја, 5.12.2014
Сите родители го сакаат најдоброто за своите деца, но некои родители претеруваат со амбиции и ги претвораат децата во алатка за постигнување на сопствените, а не детските соништа. Еве кои се последиците од прекумерната амбициозност на родителите
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Веројатно не еднаш сте биле сведоци на деца кои со неподготвеност свират на музички инструмент, посетуваат десетина курсеви по странски јазици, секакви   спортови и што ли уште не. И сето тоа, бидејќи нивните родители се премногу амбициозни и сакаат нивното дете да биде најпаметно , за да може успешно да се справи во светот во кој владее жестока конкуренција.

Амбициозноста на родителите, сепак, често доведува до стрес кај децата и отпор кон голем број едукативни и забавни активности. Колку повеќе родителите се обидуваат да го стимулираат развојот на децата, толку тие губат секаква желба. Затоа многу често токму децата на амбициозните родители се слаби ученици во училиште, па дури и покажуваат знаци на агресија кон соучениците. Дури и ако детето знае, тоа често одбива да го покаже своето знаење во училиште, а слабите оценки во тетратката се еден вид протест и казна кон родителите.

Прекумерната амбициозност на родителите го загрозува до голем степен детството на децата. Додека едни деца слободно играат со топка надвор, други свират на виолина и гледаат како нивните врсници се забавуваат. Ова делува исклучително обесхрабрувачка на децата и дури може да се манифестира со симптоми на депресија и асоцијалност.

Понекогаш амбициозноста на родителите произлегува од нивната желба да ја исполнат секоја слободна минута на детето, за да го оддалечат од компјутери, филмови и слично. Или пак едноставно тоа е начин за родителите да се одморат за миг од децата и да имаат на располагање 1-2 часа само за себе, во кои знаат каде е детето и со што се занимава. Но родителите треба да мислат и на тоа дека детето исто така има потреба од време само со себе, без неговото внимание постојано да биде посветено на
активности избрани од родителите.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Конвенција за правата на детето
Во текот на Детската Недела, која се одржува секоја година во првата недела од месец Октомври, ве запознаваме со правата...
5
Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
4
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е ...
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, можеби мислиме дека децата „само си играат“. Но вис...
4
Дали е добро детето да ги види родителите ...
Некои родители сметаат дека е добро детето да ги види голи, како добра воспитна вредност, за да се избегне “болната” љуб...
4




Анкета

Љубов на прв поглед
maca sms

Дали верувате во љубов на прв поглед?

Да (62%)

Не (29%)

Не знам (9%)


Број на сите гласови: 78

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!