|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прашавме доктор: Психолошки проблеми кај децата

Редакција Рингераја, 2.2.2011
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со стручни лица кои ќе одговараат на најчестите проблеми на нашите корисници.

image
/11


 

Редакција Рингераја :

Дали грицкањето на нокти е знак за психички потешкотии кај децата?

 

Одговор:

М-р Марија Стојкоска-Василевска, психолог, психотерапевт, Ремедика

 

Грицкањето на ноктите, чкрипењето со заби се симптоми кои може да укажуваат на некоја психичка нелагодност кај децата. Меѓутоа гледањето на симптомот изолирано, независно од контекстот во кој се јавува и останатото функционирање на детето  не е благодарно во донесувањето на професионално мислење или препорака до родителите.

Симптомот сам по себе дава сигнал дека треба да се обрне внимание, односно дека нешто се случува кај детето.

Кога имаме симптом грицкање на нокти, потребно е да се провери што се случува во емоционалниот свет на детето. Дали постои стрес предизвикан од некоја позната случка на пример кавга, навреда, загуба на близок, промена на училиште, селидба, нов член во семејството итн. ? Дали родителот приметува вознемиреност кај своето дете или пак приметува дека почнува повеќе да се повлекува? Дали грицкањето започнало за време на распуст кога особено темпераментното дете нема многу ангажмани? Одговорите на овие прашања го даваат контекстот од кој може да дијагностицираме за проблемот со кој се соочува детето.

Доживувањето на стрес е индивидуално и така може да се одрази врз функционирањето. Емотивен стрес може да се јави од било која нова ситуација во светот на детето. Емотивниот стрес кој буди силни емоции (страв, лутина, љубомора...)  кои генерираат возбуда која бара да биде манифестирана во средината. Меѓутоа не секогаш средината овозможува да таа возбуда слободно се манифестиара, на пример родителите се соочуваат со проблем во кој нема простор да детето се пројави  или пак можеби детето ја доживува средината неподдржувачка да се пројави (иако можеби тоа е само негова лична перцепција), тогаш детето ги потиснува тие импулси. Тоа се нарекува ретрофлексија. Во еден момент тоа е креативна адаптација преку која детето се справува со новата стресна ситуација. Грицкањето на ноктите е еден облик на ретрофлексија преку која детето ја ослободува енергијата, импулсот кој не може да го пројави во средината во која функционира.   

Психоаналитички гледано грицкањето на ноктите може да укажува на фиксација во орална фаза. Соочувањето со некоја животна фрустрација (реална или во моментот детето така ја доживува) го враќа детето во периодот кога бил најбезбеден и под целосна заштита. Тоа е  периодот кога бил во интензивен контакт (цицање) со мајката. Грицкањето на ноктите се поврзува со жалење по тој период.

Кога родителот  го забележува симтомот кај детето важно е да ниту го прецени ниту пак потцени. Првичен разговор со своето дете, адаптиран во зависност од неговата возраст е неопходен, а понекогаш и само тоа е доволно за да проблемот постепено почне да се повлекува.

Во ретки случаи грицкањето на ноктите може да биде симптом  односно еден од повеќето симптоми кои укажуваат на посериозно ментално и душевно нарушување, chronic onychophagia.

 

Редакција Рингераја :

Дали бруксизмот (чкрипењето со заби) е знак за психички потешкотии кај децата?

 

Одговор:

М-р Марија Стојкоска-Василевска, психолог, психотерапевт, Ремедика

Бруксизмот (чкрипењето со заби)како симптом  за разлика од грицкањето на нокти во себе вклучува повеќе фактори кои не секогаш се од психичка природа. Откако ќе се исклучат останатите фактори, анатомски и физиолошки изглед на вилицата, болки во главата итн. се гледа во психичките причинители за ноќното или чкрипење со забите во сон.

Психолошката позадина на овој симптом е многу слична со грицкањето на ноктите и често може и двата симптоми да се појават во одреден период или пак едниот да е заменет со друг.

Овие два симптоми најчесто се појавуваат кај деца кои се веќе во училишна возраст, односно кога веќе светот во кој функционираат се зголемува. Присетете се  како Вашето дете реагира на нови ситуации, дали се повлекува или ако е темпераментно дали се нашло во ситуација да не смее да зборува или да се движи.  Децата веќе се соочуваат со фрустрации и затоа особено треба да повнимавате со забраните и поставувањето на границите на вашето дете. Тие треба да се присутни и кога детето се соочува со нова, стресна ситуација и јасни но, и со поддршка, љубов и почит кон детето затоа што така дадени тие граници го водат детето кон усвојување на нови начини со кои се осознава светот и функционирањето во склад со него.

 

Редакција Рингераја :

Дали се  зема вит Б6 кај трепкања со очите и други тикови?


Одговор:

Прим др. Јасна Анастасовска, специјалист педијатар, Ремедика

Тиковите се неволни реакции како резултат на  *празнење* на  емоционална тензија кај детето. Бедоскинот обично се преопрачува, но  во основа не го решава проблемот.  Потребна е секако консултација и помош на  психолог ,кој ќе помогне во отривање и отклонување на причината која  психички го оптоварува детето.

 



Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што кога детето се плаши од фризер?
Викање, плачење и тргање се најчестите “несакани ефекти”, кога родителите ги носат своите деца за потстрижување во фризе...
6
Зошто детето не ме слуша?
Возраста меѓу 4 и 5 години е доста тешка, што се однесува до дисциплината бидејќи децата на оваа возраст се многу своегл...
6
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
5
Ведрана Рудан со поддршка на Северина
Северина доби огромна поддршка по судската одлука нејзиниот син Александар да живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓ...
5




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?