|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Постот - дали е здрав или штетен?

www.doktori.mk, 15.4.2014
Од духовни или здравствени причини постот помага да се исфрлат отровите од телото, но само доколку се следат одредени правила, бидејќи постењето на своја рака може да биде многу опасно

image
/11


 

 

Постот како начин на живот

 

Од духовни или здравствени причини постот помага да се исфрлат отровите од телото, но само доколку се следат одредени правила, бидејќи постењето на своја рака може да биде многу опасно.

Што се случува во телото за време на 6-неделното воздржување, а што по само еден ден на вода?

За вистински да делува, постот треба да се вметне во променет, поздрав и поприроден начин на живот.

 

 

Хронична интоксикација на организмот

 

Целта на природната хигиена е да се создадат услови за закрепнување и за враќање на кондицијата која сме ја загубиле. Нејзините главни точки се урамнотежена исхрана, исфрлање на отровите и пост.

Според познавачите на природната хигиена, сите болести имаат иста причина: труење на организамот, познато како токсемија. Кога него би го немало, би исчезнале сите други тегоби, но кога токсемијата ќе земе замав, телото ја губи способноста за самооздравување, а шансата за закрепнување му се враќа само по воспоставувањето на природна рамнотежа преку правилниот начин на исхрана.

 

Постот е присутен - во природата, религијата, културата, медицината

 

Животните инстинктивно знаат кога е време да се воздржат од храна и да го одморат организмот.

И меѓу луѓето постот е присутен од порано: во религијата, ритуалите на чистење и во медицинската пракса. Брзиот начин на живот во еден дел од светот, ги фрлил тие обичаи во заборав.
Западот не може да се изначуди на 30- дневниот Рамазански пост, како да го заборава најдолгиот Велигденски пост, духовната подготовка на православните верници за големиот празник Воскресение Господово.

 

 

Улога на апстиненцијата

 

Според некои теории, со воздржување од јадење телото се ослободува од болните ткива, последиците на неумерена исхрана и натрупаните штетни материи. Бидејќи се храниме постојано и најчесто лошо, најголем дел од енергијата организамот ја троши на варење и не му останува доволно за елиминација на токсините. Кога нема варење, сите расположливи сили се концентрираат на отровите.

 

 

Што се случува во телото?

 

Кога ќе престане да прима храна, организамот е принуден да се снабдува од резервите кои благовремене ги подготвил. Во тој природен процес, наречен автолиза, најнапред се посегнува по гликогенот, дериват на гликозата кој се складира во црниот дроб. Штом ќе се потроши првата залиха, се напаѓаат масните наслаги, а потоа и ненормалните ткива ( цисти, тумори и апцеси).
Според медицинските наоди, штом ќе се потрошат резервите на гликоза организамот тргнува на мускулите, бидејќи така најлесно доаѓа до протеините кој може да ги претвори во шеќер. “Хигиеничарите“ не се согласуваат со тоа и на критиките одговараат со тврдењето дека конвенционалната медицина, која е против постот, никогаш не набљудувала и проучувала личност во апстиненција. Само така би сфатила дека на мета се масните наслаги а не мускулите.

 

 

Само под стручна контрола

 

Мал е бројот на оние на кои им е дозволена терапијата на гладување, но само под услов да не ја спроведуваат сами, туку под будно око на експерт. Изгладнувањето без правила или контрола за организамот може да биде не само штетно, туку и опасно. Кој сака да проба, мора да се посоветува со експерт за храна, кој на изразено неухранетите и многу слаби лица сигурно би им препорачал веднаш да се откажат. Истото важи и за оние кој пијат многу лекови, имаат пресадени органи или тешки заболувања на срцето, црниот дроб или бубрезите.

 

 

 

Еден ден без храна

 

Има лекари кој сметаат дека воздржувањето од храна еднаш неделно, најчесто во среда или петок, е корисно доколку личноста има добра здравствена состојба. Еднодневниот пост одговара, особено кога се почитуваат основните правила. Важно е да се знае која е целта: вистинскиот пост или денот за детоксикација. Ако станува збор за вистински пост, се пие само чиста вода, а ако е ден за детоксикација, цедени сокови од овошје и зеленчук. За да се подготват цревата, вечерта претходно треба да се јаде само свеж зеленчук и овошје.

Кога се пости само еден ден, сите тегоби поврзани за празниот стомак се групирани во тие неколку часа: слабост, нервоза, недостиг на концентрација. Најдобро е да се одбере ден неоптоварен со работа и обврски. Враќањето од таа кратка апстиненција не е тешко, следниот ден се јаде нормално но без претерување. Пожелна е и еднодневна вегетаријанска диета по можност со свежи намирници.

 

 

Предности на постењето

 

Кога правилно ќе се вклопи во хигиената на исхраната, постот на телото му носи значајни предности, а најважно е празнењето и детоксикацијата на цревниот канал. Органите добиваат заслужен одмор. Се забрзува топењето на масните наслаги и се подмладуваат клетките и ткивата.

Постот позитивно делува и на умот, го зајакнува и изострува. Малку ли е тоа?

 

 

Постот како терапија

 

Постењето 3 дена месечно или 7 дена без престан два пати годишно: тоа би биле првите чекори на терапевтско “гладување“, кое не лечи од болести, туку само претставува инструмент кој му помага на телото да се самоизлечи и ослободи од отровите.

Важно предупредување: немојте да постите на своја рака подолго од еден ден, бидејќи ризикот е многу голем, а последиците можат да бидат фатални.

 

 

8 дневен терапевстски пост

 

Како и се друго, и постот мора да се научи. Првите три дена се внесуваат само течности: вода, сок од грејпфрут, лимон и цеден мешан зеленчук,a за 8-дневен терапевтски пост важат следните правила:

- одберете мирни 8 дена, кога немате многу работа ( под услов работата да не е извор на стрес и грижи )
- направете психолошка подготовка и почнете дури тогаш кога ќе се почувствувате дека сте силни и подготвени. За разлика од, да речеме, диета чија цел е подобрување на телесното здравје, црковниот пост е начин на човековиот однос кон Бога и природата.
- во текот на првите 3 дена, намалувајте го колиеството на храна постепено. Од цврста преминете на течна (цедени сокови и потаж од зеленчук), се до тенки супи од зеленчук во последните часови.

 

 

8 дневен терапевстски пост

 

- на ред се два дена целосно воздржување, кога се пие само вода
- во последните 3 дена се враќате од течна на цврста храна
- кога ќе заврши постот, два дена јадете само свежи намирници (сезонско овошје и зеленчук). Ако гладта е неиздржлива, земете 1 или 2 јаболка (со лушпа) или 5 капсули спирулина (морска алга со олигоелементи). Спирулината можете да ја користите во сите денови од постот.

 

 

Важна напомена: ова се основни упатства за секоја посна терапија, неопходен е совет од доктор или експерт за исхрана.

 

1

 

Билјана Ристеска

советник за здрава исхрана - нутриционист
Клуб за здрав начин на исхрана "New Nutritionism" - Скопје

http://doktori.mk/biljanaristeska

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
4
Како да неутрализирате тантрум на јавно ме...
Вашето дете има тантрум на јавно место. Чувствувате дека сите гледаат директно во вас, а вие претпоставувате дека се пра...
4
Работи кои не треба да им ги забранувате н...
Психолозите веруваат дека поставувањето граници го прават детето да се чувствува многу заштитено и спокојно. Сепак, неко...
4
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?