Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Навистина, постојат ли такви мајки? Мајки кои никогаш, ама баш никогаш не се лутат на своите најблиски? Мајки кои никогаш не повишуваат тон? Мајки кои без поговор само си ги извршуваат сите наредби од децата? Ние не познаваме ниту една таква. А и оние кои се потрудиле да бидат, во некои моменти потклекнале.
Всушност, зошто воопшто е потребно да се биде совршена мајка? Лутината е емоција како и секоја друга. Во ред, лутината како последица може да има гласна експресија, но не треба долго да трае. Секако, на детето потоа може мирно да му објасните зошто сте биле лути.
Но да бидеме искрени. Дали за нашата лутина секогаш се криви детските лудости? Некако секогаш доаѓа до тоа во тој момент да чувствуваме дисхармонија, а децата само дополнително ќе не налутат со своите постапки (на кои не би реагирале толку бурно, ако не сме нервозни).
Доколку сакаме на децата да им покажеме дека сме совршени родители, каква порака им испраќаме? Дека мораат да бидат совршени? Постои ли тоа? Секако дека не постои!
Освен мајките кои никогаш не се лутат постојат и такви кои ќе ги слушнете како прераскажуваат во паркот: “Ми дојде да го фрлам од прозорец колку ме налути”, или некоја слична конструкција, непримерна на местото, приликата, децата, било што.
Во себе ги носиме сите можни емоции и секако дека детето нема да го фрлиме од прозорец, па заради тоа е нормално кога ќе се налутиме да изговараме фрази преку кои ќе ни помине лутината. Не сме од камен!
Секако, на мајките на новороденчиња, кои не користат термини како “застани, немој, доста, ќе се изгориш, не тепај се, десетти пат ти кажува облечи ги чевлите....”, може да им звучи чудно тоа “фрлање” од прозорец, но кога и нивните деца ќе пораснат ќе сфатат дека тоа се само флоскули, продукт на нашата моментална слабост. Штом лутината ќе помине, на своите најмили повторно ќе им бидеме најдобри мајки, најдобри родители на светот.
Да нагласиме уште еднаш, никако не смееме да заборавиме да разговараме со децата за причините и последиците од нашите и нивните реакции. Тоа е неизмерно важно.
Зошто се плашиме од лутината? Зошто се срамиме од сопствените емоции? Секако, не треба да викаме и експресивно да покажуваме нервоза во паркот, но да бидеме реални, не треба ни дома. Но ако се случи тоа, ако многу се налутите, подобро отдете 5 минути во купатило и ставете ги нозете во леген со топла вода и дишете длабоко. Или излезете на прошетка, колку да ги растерате мислите. По неколку минути ќе ви биде подобро, ќе видите.
Значи, не треба да се плашите да признаете дека нашите деца понекогаш толку не излудуваат што не знаеме што да правиме ни со нив, ни со себе. Тогаш треба да го искористиме своето право на 5 минутен time out.
Давајќи си себеси право на момент за себе, нив ќе им дадеме прекрасен цел свет. Бидејќи, да бидеме реални, може ли текој долго да држи лутина на оние кои не прават најрадосни, кои не развеселуваат само со своето постоење? А лутината? Ех, таа е нормална, прифатлива, дозволена, проследена со – те сакам и извини.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?