vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Почитувани,
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 часот повторно ве поканува на Телма телевизија да ја следите новата епизода на тема: Тешки времиња.
Во неа отворено ќе да разговараат:
1. Офелија Димковска – новинарка и моден критичар
2. Јана Стојановска - актерка
3. Виолета Ристовска - Чадиковска – радио водител
4. Славица Пенева- педагог
„Дури и многу мали деца се чувствуваат загрижени и под стрес до одреден степен. Стресот кај децата може да се интензивира од она што се случува во нивните животи, покрај она што ни се случува и нам како семејство. Ако нашите деца се сведоци на проблемите на работа, грижи околу нечија болест, расправии со партнерот околу финансиски прашања, треба да се корегираме, бидејќи децата имаат способност да ја сфатат грижата на родителите и да почнат и самите да се грижат. Смрт, болести, преселби, губење на работното место, финансиски проблеми и со други тешки состојби возрасните порано или подоцна на некој начин ќе се справат, но децата тоа тешко го поднесуваат и им треба повеќе помош.“- вели Зорица Црношија-водител на емисијата.
ОХО како продуцент на „Кој кого расте“ има за цел да ги одгатне дилемите со кои се соочуваат родителите при носењето на секојдневните одлуки- кој е најдобриот начин да се одгледаат децата.
Во таа насока, со емисијата сакаме да ги поттикнеме останатите медиуми, новинарии чинители на јавното мислење заеднички да обрнуваме и третираме теми кои ги засегаат родителите и децата.
Одгворност на тимот кој стои зад „Кој кого расте“ е континуиран развој на заедницата во која дејствуваме, за таа цел обработуваме теми кои се значајни и актуелно.
На нашиот канал на Youtube:Кој кого расте, можете да ги гледате сите епизоди, а во меѓувреме пишете ги вашите приказни, желби и впечатоци на kojkogoraste@oxo.org.mk и Facebook страната на „Кој кого расте“.
Со почит, ОХО
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци дека женската плодност функционира нормално
Кога размислуваме за плодноста, често се прашуваме „Дали моето тело фу...
Проблеми со доење и како да ги решите
Доењето е природен процес, но тоа не значи дека секогаш започнува лесн...
Вашето тело можеби ви покажува кога сте плодни
Женското тело природно се менува во текот на менструалниот циклус. Нек...
Како природно да го поддржите репродуктивното здравје?
Репродуктивното здравје не зависи од една намирница, чај или суплемент...
Што ја подобрува плодноста кај жените?
Женската плодност зависи од повеќе фактори како возраста, овулацијата,...