vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Алергиите ни се заканувааат на секој чекор – од ефтиниот накит, до мобилните телефони, очилата и пирсингот. Станува збор за најчеста причина за контактна алергија во индустријализираниот свет.
Кај чувствителните лица овој процес го поттикнува организмот да го препознава никелот како причинител за воспаление. Бидејќи имунолошкиот систем станува премногу активен, доаѓа до појава на класичните симптоми на воспалението: црвенило, оток, јадеж, меурчиња и лузни.
Никелот е метал со сребренобела боја, отпорен на корозија. Се употребува за обложување на други метали, за да се заштитат од корозија. Легурите на никел и бакар се користат за изработка на метални пари, прибори за јадење итн. Никелот, исто така, се додава и на челикот и другите легури за да се зголеми нивната отпоност на корозија.
„Зголеменото користење на мобилните телефони со неоограничени тарифи довело до продолжена изложеност на никелот во мобилните телефони. Пациентите доаѓаат со суви делови на образите и ушите, кои многу чешаат. Пациентите не знаат што ја предизвикало ваквата алергиска реакција“, објаснува Dr. Luz Fonacier, алерголог на Факултетот за алергија, астма и имунологија во Феникс.
Контактот со повеќето предмети, кои го содржат овој метал, е краток, на пример со клучевите или металните пари, но дури и кога станува збор за краткотрајна изложеност, честичките може да се пренесат од прстите на лицето или очите и таму да предизвикаат алергиска реакција.
Научниците советуваат да се избегнува долготрајно телефонирање, а препорачуваат употреба на пластични или кожни навлаки за мобилните телефони.
5
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...