|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: Muse handmade studio

Марина Кљајиќ Петковски, 5.4.2022
На Инстаграм забележавме еден впечатлив прифил, Muse handmade studio, кој со самото име кажува дека нуди рачно изработени производи. Понудата на истиот е навистина уникатна, па со големо задоволство ви го пренесуваме разговорот со креаторката

image
/11


 

Емилија Кулева Стојаноски, по струка графички дизајнер, мајка на две деца,е уште еден успешен пример како од една идеја преку развој на истата во хоби може да прерасне во успешна бизнис приказна. 

 

Рингераја: Како се роди идејата за еден ваков бизнис?

Емилија: Како мајка на бебе и мало дете и голем поддржувач на се што е во корист на природата, решив да започнам со нешто свое. Најпрво производите ги направив за моите деца и за најблиските, па бидејќи добив доста позитивни критики, решив да ги споделам со поширок круг на луѓе. Производите се целосно природни и рачно изработени со многу труд и љубов.

Рингераја: Во вашата понуда има голем број на различни производи, меѓу кои и рачно изработена органска козметика. Кои производи поточно ги нудите?

Емилија: Има неколку видови на производи

- органски лосион за тело

- органска крема за раце

- органски балзам за усни

- органски балзам за превенција од стрии и лузни

- органска крема за стопала

- органски балзам за миленици и нивните шепи 

На профилот може да се забележат и персонализирани подароци, истите ги изработувам јас како графички дизајнер по струка постерите се хоби кое прерасна во мал бизнис. Органските производи имаат дизајн кој е исто изработен од мене.

Поминав доста време учејќи/читајќи за изработка на органски производи па штом осетив дека сум спремна, ги купив потребните состојки и ги направив првите производи. Се изненадив колку добро излегоа па направив повеќе и ги поделив на најблиските. Како што кажав, почнав за моите деца и помислив, доколку не оди како бизнис, барем моите деца ќе имаат здрава и убава кожа.

Рингераја: Колку сте задоволни од заинтересираноста на потрошувачите за вашите производи?

Што е најпопуларно и најбарано? 

Емилија: Засега , најпопуларен производ е кремата за раце и балзамот за усни. Исто голема побарувачка има и за другите но овие два се најверојатно најкористени.

Нов и сега објавен е и балзамот за шепи на миленици кој се покажа како многу ефикасен и баран.

Би сакала да додадам дека како доилка, измолзувам мајчино млеко кое е стерилизирано и го додавам како состојка во производи кои моментално ги користам за мене и моите деца. Сите ги знаеме придобивките од мајчиното млеко и многу сум среќна што може да се користи и на овој начин.

Исто, изработувам и креми по желба на клиентите односно до сега се изработени креми за псоријаза, егзема (атописки дерматитис) и други кожни заболувања каде што пчелиниот восок како главна состојка помага да има подобрување.

Рингераја: Вашата онлајн продавница функционира преку Инстаграм и ФБ профил. Колку од ваше искуство социјалните мрежи се корисна алатка за работење на истото? Стигнувате ли лесно до потенцијалните потрошувачи?

Емилија: Инстаграм е разработена алатка и од тука се продаваат најголемиот број на производи, така што, да задоволна сум.

Поддршката за малите бизниси значи многу.

Заследете го профилот на Емилија и пробајте ги нејзините производи. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дренвин - Извонреден природен помошник про...
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле производот и забележале значителни подобрувања во нив...
3
Нова и подобрена фитнес нараквица Samsung ...
Новата фитнес нараквица Galaxy Fit3 има сосема нов дизајн и им помага на корисниците да вежбаат попаметно, подобро да го...
3
Среќна Нова 2019 година!
Ниту еден ден од годината не вплетува во нашите мисли толку многу желби за нови почетоци и успеси, за позитивни промени ...
3
15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?