|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: Adaral Jewelry

Марина Кљајиќ Петковски, 29.3.2023
Александра е сопственичка на креативна работилница за рачно изработен накит, кој самата го изработува од бакарна и сребрена жица и полускапоцени камчиња и кристали со wire-wrapping и metalsmith техника

image
/11


" Работи го тоа што го сакаш и нема да чуствуваш дека работиш ниту еден ден во животот" – е мотото на 34 годишната Александра Танева од Прилеп.  Александра е сопственичка на креативна работилница за рачно изработен накит, кој самата го изработува од бакарна и сребрена жица и полускапоцени камчиња и кристали со wire-wrapping и metalsmith техника.

За себе вели дека е омажена за прекрасен сопруг со кој имаат 8 и пол годишна супер ќерка, тие и се најголемата поддршка во животот.

Поседува диплома за Меѓународна економија и бизнис но вели дека никогаш не се пронашла во тој домен.

Но затоа одлично се пронаоѓа во оваа креативна работа, за што сведочат нејзините бројни изработки.

‘’Јас сум Вага во хороскоп а овој астролошки знак е познат по уметничката и креативна особина и љубов кон уникатни работи. Јас целосно се пронаоѓам во тоа.’’ – вели таа.

 

Рингераја:

Сопственичка сте на мал бизнис, кој нуди уникатни производи, рачно изработени. Кога ја забележавте креативноста во вас? Што беше пресудно за да започнете со оваа работа?

Александра:

Adaral Jewelry е создаден 2016 година. Aдарал името е создадено од почетните букви од името на сопругот, ќерката и моето. Го напуштив работното место во една фирма бидејќи морав да се грижам за мојата тогаш 2 годишна ќерка. Иако денот поминат со мало дете ? и повеќе од исполнет јас чуствував дека не правам ништо нели освен домашните обврски и грижата за детето. Па решив да набавувам накит од странство и да го препродавам кај нас. Така би имала и друга занимација во текот на денот но и би заработувала. Јас сум личност што не сака финансиски да зависи од друг бидејки работам од својата 18 год. Кога му ја соопштив оваа идеја на мојот сопруг тој само ми рече: А зошто ти да не го изработуваш тој накит?

- ТОА БЕШЕ МОМЕНТОТ.

Пребарувајќи на интернет налетав на парче накит изработено од жица и се заљубив. Ја контактирав артистката која и ден денес ми е пријателка.

Таа сподели многу информации со мене и често знаеше да се приклучи на камера ( таа живее во Романија) и да ми покажува како таа работи, да ме подучува и да ми укажува на грешките. Голема благодарност до неа. Исто така гледав и туторијали на You Tube но сите тие беа основни информации и техники кои брзо ги совладав. Бев гладна за повеќе, сакав да изработувам накит во 3D wire-wrapping и metalsmith техника, за тоа купував Pdf и физички книги. Почетните изработки ми беа базирани на тие туторијали, одкако ги совладав техниките почнав да создавам свои дизајни.

Рингераја:

Што содржи вашата понуда?

Александра:

Мојата понуда содржи рачно изработен накит од бакарна или сребрена жица и полускапоцени камчиња и кристали. Изработен со wire-wrapping и metalsmith техника.

Рингераја:

Каков е процесот на изработка и колку време ви одзема?

Кои материјали ги користите?

Александра:

Најпрво правам скица на парчето што сакам да го изработам, потоа ја формирам таа форма од подебела жица, ја лемам и полирам. Следно е исполнување на формата со потенки жици и вметнување на полускапоцениот камен. Завршна фаза ми е оксидирањето на готовото парче накит и полирање со цел да се добие vintage ефект и мистичност - бидејќи со полирањето сјај добиваат жиците кои што се на површина а внатрешните остануваат потемни. На крај фотографирам и споделувам на социјалните мрежи. На мојот профил може да забележите дека најмногу изработувам обетки, едноставно уживам да создавам две речиси идентични нешта иако тоа бара повеќе труд. Исто така изработувам и обележувачи за книги бидејќи уживам слободното време да го искористам за читање на добра книга. Времето на изработка е различно за секое парче и потребни ми се најмалку 8 часа работа пример за еден мал приврзок додека за пар обетки потребно ми е повеќе време.

Готовото парче накит го пакувам во брендирано елегантно кутивче кое може да послужи и за понатамошно чување на накитот, но е и одлично за подарок.

Рингераја:

Претставувам, работата ви претставува задоволство. Дали е секогаш така или понекогаш има и по некој предизвик?

Александра:

Цел процес ми претставува задоволство. Велат : " Работи го тоа што го сакаш и нема да чуствуваш дека работиш ниту еден ден во животот" - навистина е така.

Предизвик ми е кога некој ќе побара од мене да изработам одредена форма или ќе понуди свој кристал па јас да го направам во ѓердан. Оваа година ми започна со предизвик да изработам брош за прв пат. Изработката на иглицата и вметнување на истата во главната форма беа чекори кои ме исцрпија многу но успешно го завршив тој проект. Секако има и денови кога нештата не ми одат од рака или гледам во кристалот повеќе од 2 часа и незнам што со него, но сето тоа е минлива фаза.

Рингераја:

Што ве инспирира? 

Александра:

Најголема инспирација ми е универзумот од кој би ја издвоила Месечината - нејзините фази кои ја симболизираат бесмртноста, вечноста, женското зајакнување и регенерација. Накитот кој што го изработувам ја има истата таа симболика, затоа и на мојот профил може да забележите најмногу парчиња накит во форма на полумесечина.

Рингераја:

Каде е вашето катче за работа и на кој начин стигнувате до потрошувачите?

Александра:

Моето катче за работа е мала просторија во нашиот дом опремена со сите алатки што ми се потребни. Изработките ги споделувам на мојот инстаграм профил и на мојата фб страна, а дел од нив може да се купат и од Бутик и Галерија Нера во Прилеп. Љубителите на рачни и уникатни изработки може да ме контактираат во порака на мојот инстаграм профил.

Рингераја:

Какво е чувството кога ќе добиете позитивен фидбек од потрошувачите?

Александра:

Чувството кога добивам позитивен фидбек од потрошувачите ме исполнува со позитивна енергија. Кога знам дека некој се восхитува и го носи на себе она што јас сум го создала со свои раце или го подарува на сакана личност, за мене тоа е повеќе од доволно. Знак дека треба да продолжам по патот по кој што сум тргнала.

Секое парче накит пред се го изработувам со многу љубов, а потоа и многу труд и внимание.

Рингераја:

Вашата креативност не заастанува тука

Александра:

Би спомнала и дека од оваа година започнав и со изработка на накит од полимерна глина во кој што е вклучена и мојата ќеркичка која што е многу креативна.

Ми се допаѓа колоритниот свет кој што се отвора пред мене кога ќе ја земам глината во раце. Но за ова во некоја друга прилика.

Ви благодарам на поканата и отстапениот простор!

 

Благодариме Александра за издвоеното време! Ви посакуваме многу успеси и во иднина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА на препарати за здравје на...
Уникатна колекција на протеини и аминокиселини, кои се градежни блокови неопходни за здравјето на зглобовите. Формулата ...
4
Еве зошто жените мора да пешачат што повеќе
Ова е посебно важно кај девојчињата, кои често во периодот на адолесценција избегнуваат спортски активности. Пешачењето ...
3
Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
3
Тест: Изберете Велигденско јајце
Кое е првото јајце кое ви падна в очи? Погледнете што значи. Тест: Изберете Велигденско јајце
3




Анкета

bebus
nadezda

koe ime e poubavo

anabela (50%)

anamarija (50%)


Број на сите гласови: 121

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!