|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Победете ја кашлицата со инхалации

Редакција Рингераја, 5.1.2016
Овој универзален метод за лекување продолжува да биде претпочитан во борбата со кашлицата и течење на носот, а причината за тоа е многу едноставна - пареата напаѓа точно каде што треба, без да има несакани ефекти како антибиотиците
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Инхалациите ни се добро познати на повеќето од нас уште од детските ни години. Ова сепак не значи дека денес тие се заборавени. Овој универзален метод за лекување продолжува да биде претпочитан во борбата со кашлицата и течење на носот, а причината за тоа е многу едноставна - пареата напаѓа точно каде што треба, без да има несакани ефекти како антибиотиците.

За да ја ублажите кашлицата, можете да направите инхалација со мешавина од една лажица невен, една лажица камилица и една лажица кантарион. Ставете ја смесата во длабока чинија и прелијте ја со три кафени чаши топла вода. Внимателно застанете над садот со течност и покријте ја главата со крпа. Започнете да вдишувате и издишувате преку устата, за пареата да стигне до проблематичните зони. Потоа седнете и одморете.

Исто така можете да направите инхалација со вода и етерично масло. Истурете топла вода во сад и ставете 4-5 капки масло од босилек. Ако не можете да најдете такво, заменете го со масло од чајно дрво. Застанете над садот со водата и направете инхалации, а потоа одморете.

Обидете се и со инхалација со чај од липа. Прелијте една лажица чај од липа со една чаша топла вода. Застанете над садот со течноста и отворете ја устата. Вдишувајте и издишувајте, па оставете ја пареата да ја заврши работата. По 2-3 минути запрете и одморете некое време.

Инхалација може да се направи и со смеса од една лажица оригано и една лажица мајчина душица.

Кога правите инхалации, треба да имате предвид некои факти. Секоја постапка се прави околу 60-90 минути после јадење, а  нејзиното времетраење може да биде помеѓу 2 и 8 минути. За време на сеанса болниот треба да е концентриран во настојувањето и да не го одвлекува вниманието со разговори, бидејќи ненамерно може да се изгори.

Добро е во текот на постапката да ги држите очите затворени. По инхалациите не смеат да се пијат пијалоци  барем еден час. Пожелно е исто така во тоа време болниот да не зборува. Инхалации можат да се прават 2 пати дневно барем неколку дена.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Температура кај бебиња и деца
Температурата е една од најчестите причини поради кои родителите бараат лекарска помош за своето дете. Но иако може да з...
5
Ноќно мокрење - сигнал за паника или не?
Енурезата претставува несакано мокрење во кревет за време на сонoткај децата постари од 5 години. Таа е чест проблем во ...
4
Колку треба да јаде вашето мало дете?
Малите деца растат неверојатно брзо, а нивната исхрана игра клучна улога во правилниот раст и развој. Но, колку всушност...
4
Кога детето треба правилно да ги изговара ...
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или „Кога треба да престане да ги меша буквите?“.
3




Анкета

ЕУРО 2024.
пеперутка16

Кој ќе се пласира во полуфиналето?

Шпанија. (50%)

Португалија. (0%)

Англија. (0%)

Холандија. (0%)

Франција. (0%)

Германија. (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!