vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Постои варијабилност во однос на времето кога децата научуваат да го контролираат мокрењето. Најчесто, прво се постигува дневната контрола на мокрењето, а потоа и ноќната, но кај некои деца тоа се случува истовремено. На возраст од 3 години приближно 95% од децата постигнале дневна контрола на мокрењето, додека ноќната контрола се постигнува околу 5-тата година, но не е невообичаено периодот на воспоставување на истата да трае и до 7-та година. Кај девојчињата континенцијата се развива порано од машките. Доста често се јавуваат транзиторни инконтиненции во период на постигнување на контрола на мокрењето, кои не се патолошки и не бараат никаков третман.
Енурезата најчесто е ноќна, но може да биде и дневна која се јавува во текот на дневното спиење на децата. Постои и т.н. диурална инконтиненција, што претставува неволево мокрење во текот на целото деноноќие.
Разликуваме примарна и секундарна енуреза која се јавува понајмалку 6 месечен период на сувост.
Децата кои имаат само енуреза, без придружни симптоми на дисфункција на долниот уринарен тракт, имаат моносимптоматска енуреза, додека оние со придружни симптоми – полисимптоматска енуреза. Тие придружни симптоми може да бидат: зголемена или намалена фрекфенција на мокрење, симптом на итност, потешкотии при отпочнување на мокрењето, слаб или испрекинат млаз, чувство на некомплетно празнење, капење при крајот на уринирањето, болка во гениталии...
Дневна или диурална инкoнтиненција
Се јавува кај деца постари од 4 години, кои се инконтинентни барем неколку пати седмично или пак кај деца кои претходно биле континентни. Приближно 5 % од децата на возраст од 5-7 години имаат барем еднаш неделно дневна инконтиненција.
Најчести причини
Најчесто децата со дневна енуреза имаат нормална анатомска градба на уринарниот и нервниот систем. Причината е физиолошка и бихевиорална дисфункција. Истовремено неретко се јавува и цревна дисфункција (констипација и енкопреза).
Ноќна инкoнтиненција
Ноќната енуреза е почест и позначаен проблем кај децата (20% од 5 годишните деца и двојно помалку кај 10 годишните) и адолесцентите (2%), посебно кај машката популација.
Со возраста постои тенденција кон спонтано излекување, но околу 2-3 % остануваат енуретични и во адултна возраст.
Етиологијата на ноќната енуреза е мултифакториелна со интеракција на генетските и факторите на околината.
Типови на ноќната енуреза
Енурезата како хетерогена категорија, вклучува поголем спектрум на пореметувања со различни патофизиолошки механизми. Дијагнозата, како и водењето на најголемиот дел од енуретичните деца може да се одвива на ниво примарната заштита, додека децата кај кои постои сомнение за асоциран медицински проблем треба да се упатат на детално уролошко испитување. Семејствата на енуретичните деца како и самите пациенти треба да се едуцираат околу нивниот проблем, за да можат активно да се вклучат во планирањето и изведувањето на третманот на лекување.
доктор на медицина
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?