Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Сите различно ги цениме поклоните кои ги добиваме. На некои им е важна нивната вредност, на други нивната корисност, додека на трети поклоните не им значат ништо. Колку Вашето дете ќе ја цени материјалната страна, зависи од воспитувањето.Притоа, свое влијание има и средината и рекламирањето кое на секој чекор не бомбардира со бројни производи кои Вашето дете треба “нужно” да ги поседува. Задачата на родителите да го научат детето како да се апстрахира од тие притисоци е тешка, затоа Ви предлагаме да започнете порано и да не заборавите дека Вие сте му најголем пример на детето.
Значење на традицијата
Божиќните празници би требало да бидат семеен празник, кога на Божиќната трпеза ќе се собере семејството и најблиските пријатели. Ако сеуште не сте започнале со овие традиционални прослави, Ви препорачуваме да почнете. Организирајте случувања кои ќе го импресионираат Вашето дете. Не е само Божиќната вечера таа која ја прави празничната атмосфера. Една од најзабавните активности во Декември е украсувањето на новогодишната елка. Бидете оригинални и украсете го Вашиот стан со украси кои ги направиле Вашите деца од бор и колачи кои сте ги испекле заедно.
Честитки
Малите деца веруваат во суштествата од бајките и заради тоа не им ја скратувајте фантазијата.Ако сеуште не е време за изработка на домашни поклони кои треба да ги донесе Дедо Мраз можете да го искористите времето за изработка на новогодишни честитки. На блиските сигурно повеќе ќе им значи ако им поклоните нешто, во што сте вложиле труд. Вашите деца ќе бидат среќни заради сопствениот допринос, а примателите ќе бидат воодушевени од Вашата креативност.
За честитката да биде што по лична Ви предлагаме да не ја испраќате по пошта, или е-пошта, туку да ја доставите лично.
Подарокот нека има свое значење
Подароците се битен елемент од Новогодишно-Божиќните празници. Нивната цел е постигната ако го усреќите оној на кој му подарувате. Нема поубав поклон за нас од задоволните лица на оние кои ги сакаме. Во продолжение Ви даваме неколку предлози за подароци со подлабоко значење. Во изработката можат да Ви помогнат и Вашите деца, нормално оние постарите, кои знаат за тајните на возрасните.
Траен спомен
Изберете заеднички моменти на фотографиите или весели инсерти од Вашето секојдневие и направете албум со слики кој ќе биде убав и траен спомен. Корисни ќе Ви бидат помали албуми, кои членовите на Вашето семејство можат да ги носат со себе и да им ги покажат на пријателите.
Урамете го уметничното дело на Вашето дете
Вашите деца нека изработат поклони: цртеж, колаж, фигури од пластелин. Ова се само некои од идеите кои можете да ги урамите и да им ги поклоните на бабите и дедовците. Уверени сме дека отворањето на тој поклон ќе биде убав момент. Уште еден совет: не заборавајте да ја украсите и рамката.
Малку поинакво семејно стебло
Не мислиме на семејно стебло со корени од пред 100 години. Доволно ќе биде ако Вашето стебло се состои од 3-4 генерации. Бидете историчар и на стеблото додадете интересни фотографии.
Кутија со слатки изненадувања
Божиќно украсена кутија за колачи може да биде одличен поклон. Поготово ако е полна со домашно подготвени слатки и колачи.
Време за поклон
Немојте да заборавите на подароците кои имаат најголема вредност. Тоа се подароци со кои се обврзуваме дека ќе го поклониме своето време. Подарете на пример 8 часови учење на работа со компјутер, или 5 перења на автомобилот. Вниманието сигурно ќе ги развесели бабите и дедовците.
Хуман гест
На пазарот се се поприсутни поклоните со кои придонесувате за различни цели. Купувањето на таков поклон е хуман гест кој ќе им помогне на лицата кои се во неволја или на оние со посебни потреби ќе им го развие чувството за човекољубие.
Оригинално пакување на подароците
Во денешно време во семејствата најчесто се купуваат однапред договорени подароци, кои ни се потребни во секојдневието. И во таквите случаи можете да дадете личлен печат на поклонот. Употребете ја својата фантазија и за поклонот изработете посебна амбалажа, или спакувајте го на невообичаен, Ваш личен начин.
Ви посакуваме многу радост, забава и насмевки на лицата на кои им подарувате!
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.