|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Од што се плашат мајките?

Редакција Рингераја, 4.7.2017
Најдобар текст некогаш напишан!
Клучни зборови:

image
/11


 

-          Остави го светлото вклучено – ми вели додека на прсти се искрадувам од собата.

-          Зошто мила?

-          Затоа.

-          Сигурно не се плашиш од темнината?

-          Те молам, остави го светлото вклучено – повторува.

-          Ок, но ќе те изедат комарци.

-          Ако. Мамо?

-          Молам

-          А дали ти се плашиш од нешто? Но онака, баш, баш.

-          Кој, јас? Мама од ништо не се плаши душо.

Мама од ништо не се плаши. Освен од тоа дека ќе ми пораснеш пред да стигнам да те избакнувам и изгушкам и дека ќе ми се слизнеш низ раце, додека да трепнам со очите. Се плашам дека нема да се сеќаваш на деновите кои сме ги поминале заедно и дека истите ќе избледат како стара хартија. Се плашам дека утре пубертетот ќе те земе под свое и дека ќе биде тешко да те сакам. Дека ќе се загледам во твоето лице барајќи некаква трага од она дете кое трчаше низ куќа, скокаше по креветот и се смееше, некогаш одамна.

Се плашам дека еден ден ќе ми префрлаш за сите оние работи за кои ќерките им префрлаат на мајките, незадоволни од својот одраз во огледало, несреќни заради сите несреќи кои одат во пакет на петнаесет, шеснаесет години. Дека ќе го мразиш својот нос и дека ќе ме обвинуваш бидејќи имаме исти носеви. Се плашам дека ќе бегаш од мене како од чума, дека ќе се срамиш од мене, дека повеќе нема да разговараме и да се прегрнуваме како сега, дека нема да влеташ дома, фрлајќи го ранецот додека задишена велиш: “Знаеш што се случи денеска во училиште?”

Се плашам дека ќе се криеш од мене, дека ќе ме лажеш затворајќи се во себе, дека повеќе нема да бидам драг гостин во твојот свет, во твојата соба. Ќе траскаш со врати, ќе зборуваш на јазик кој не го разбирам, дека ќе плачеш за секоја ситница, дека ќе ги бараш своите права, дека ќе одиш без поздрав и ќе пркосиш без причина. Страв ми е дека ќе се промениш, дека ќе ги туркаш своите работи под кревет, моето срце под тепих, оставајќи неред зад себе: истурени трошки, чаша со јогурт, омот од мастики. Дека ќе ги користиш моите шминки, ќе ги облекуваш моите работи без прашање, дека ќе се инаетиш, ќе докажуваш дека си јака.

Се плашам дека ќе се повлечеш во себе и дека повеќе нема да можам да те најдам. Дека ќе ја прекинуваш секојпат врската кога ќе влезам во соба под изговор дека нешто барам. Ќе те барам тебе, а ти ќе бидеш се подалечна. Така како што јас и бев далечна на својата мајка, таа на нејзината и така се по ред. Страв ми е дека ќе зборувам, а ти нема да ме слушнеш. Дека за инает за мене, ќе работиш против себе. Дека на брзина ќе те смува некој погрешен тип, кој не те заслужува, кој нема да умее да ја сака секоја пега на своето лице, а јас залудно ќе зборувам: “не е за тебе мила, можеш и подобро”. Се плашам дека нешто ќе те боли, а нема да смееш да ми кажеш. Се плашам дека еден ден ќе лежиш сама во некој туѓ мрак и нема да има кој да го запали светлото.

Се плашам дека во една жешка јунска ноќ во 22:02 ќе гледам во часовникот и ќе се прашувам зошто те нема. Дека низ главата ќе ми поминат сите оние страшни мисли, на кои сме ние мајките пред Бога претплатени. Се плашам дека ќе те повикам, само колку да знам дека си добро и дека од другата страна ќе слушнам: “претплатникот не е достапен”.

Се плашам дека нема да бидам покрај тебе кога ќе ти биде најтешко. Дека нема да бидам покрај тебе ни кога ќе ти биде најубаво. Се плашам дека како минува животот дека се помалку ќе ти бидам потребна. Се плашам дека ќе поминат многу години пред да се препознаеш себеси во мене. Многу години пред да забележиш дека на ист начин ја тргаме косата од чело, ги подигнуваме веѓите, ја солиме супата, се мрштиме кога не ни е се потаман и дека ќе помине ледено, камено време додека да сфатиш дека сме послични отколку што можеш и сакаш да веруваш.

Се плашам дека ќе личиш на мене. Дека ќе ја носиш истата оваа тврдоглава црта, како белег на челото, дека по тоа ќе те познаваат и ќе ти велат дека си “иста мајка”. Се плашам и дека нема да личиш на мене. Дека нема да умееш да прегрнуваш како мене. Да му се радуваш на животот онака како јас што му се радувам. Дека во желбата да побегнеш што подалеку од мене, од оваа досадна, напорна, посесивна мајка – ќе побегнеш и од себе и нема да стигнам да ти кажам колку многу те сакам.

Ете од тоа се плаши мама. И тоа онака, баш, баш.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Колку треба да јаде дете на возраст од 1-3...
Како да знам дали моето дете јадело колку што е потребно - е едно од најчестите прашања што ги поставуваат родителите. С...
4
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?