vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Научно е докажано дека кога ќе наполнат три години, децата почнуваат да прават разлика меѓу мажите и жените. Тоа значи дека тогаш може да се идентификуваат на кој пол тие припаѓаат и почнуваат да бидат заинтересирани за работи кои ги прават припадниците на спротивниот пол.
А, веќе во четвртата година може да им се случи прва љубов. Родителите може да забележат дека нивната ќерка најмногу се дружи со некое момче, понекогаш држејќи се за раце со него, или како му шепоти на уво…

Децата на оваа возраст, за симпатија најчесто ги бираат оние кои ги доживуваат како добри, но и популарни во градинка или во опкужувањето.
Интересно е дека дури и на оваа возраст децата можат да покажат љубомора на потенцијалната “конкуренција” но и потиштеност доколку нивната љубов не им е возвратена.
Ако вашето дете ви каже дека се заљубило во негователката или во некоја друга важна за него личност, немојте да се грижите или да се потсмевате. Пуштете го, тоа ќе помине природно. Тоа е само фаза и знаци дека детето само ги меша поимите лојалност со заљубеност.
Се до 12-годишна возраст ниту една симпатија не е онаа вистинската, затоа што научниците тврдат дека дури тогаш детето може навистина да се заљуби.
5
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Го видовте позитивниот тест? Еве што следува
Позитивниот тест за бременост носи мешавина од радост, возбуда и безбр...
Како да го подобрите квалитетот на спермата?
Квалитетот на спермата зависи од повеќе фактори како исхраната, физичк...
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...