|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Непријател во мојот кревет...

Zora Bjelousov, 8.6.2012
Верувам дека во повеќето долги врски/бракови постојат фази кои јас ги викам “Том & Џери фаза” – значи едноставно не можете еден без друг, но кога сте заедно без престан, на сите страни летаат тенџериња, се кршат вазни и се тура кафе...

image
/11


 

 

Тоа е една од оние фази во кои секој збор е погрешен и е причина за расправија. Ако не за расправија, тогаш барем за надмудрување и препукување. Посебно ако во комбинација имате тврдоглави свекрва и баба, кои без престан ги покажуваат своите моќи. Полесно е да се мисли дека и многу други парови понекогаш се наоѓаат во таква фаза, а не дека нашата врска е понекогаш толку дисфункционална што се прашувам дали сето тоа има смисла...

Во таквите моменти ме теши реченицата од филмот “The Mexican” кога Julia Roberts ќе му рече на  Brad Pitt – “Кога двајца навистина се сакаат, а никако не се согласуваат и секогаш се расправаат, во кој момент треба да се каже – е сега навистина е доста, си одам?”, а Brad одговара: “Никогаш”...

Она што е најчудно во целата приказна е тоа што при расправија станувам друга личност и не се препознавам самата себе. Инаку разумна и пристојна, но во тие моменти не можам да се пофалам со ладна глава и рационализирање. Дерењето, навредите и хистеризирањето ми стануваат главна карактерна особина. Понекогаш ми се чини дека Robert Louis Stevenson ме имал баш мене на ум кога го пишувал својот гласовит роман “Dr. Jekill I Mr. Hyde” – бидејќи во еден момент излегувам од контрола и од нормална жена се претворам во разјарено чудовиште, баш како што Dr. Jekill во тој роман претставува класичен пример за двојна личност. Секогаш мислев дека љубовта во луѓето го буди она што е најдобро и најубаво, но сфатив со текот на годините дека љубовта понекогаш во нас го буди и она најлошото . Токму во кавгите, расправиите, разделбите и компромисите лежи една благотворна катарза без која нема добра врска.

 

Постојат ли зен парови?

Не знам дали постојат зен парови кои се разбираат без збор, кои не го повишуваат тонот еден на друг и чија комуникација е како планинска река во северна Јапонија која тече како кристална дијамантска лента. Постојат ли такви парови кои еден на друг се смешкаат, седат на маса и со тивок глас ги решаваат своите евентуални проблеми? Тие парови со балансирана енергија и урамнотежена карма кои се' решаваат смирени и со аргументи, со позитивни мисли и испраќање на позитивна енергија? Се зборува дека постојат, но јас мислам дека сето тоа е само урбана легенда.

Во моментите кога трчам кон купатилото и плачам, додека пуштам вода во кадата бидејќи не сакам да слушне дека плачам (заради него), се прашувам дали сум јас некој пореметен исклучок? Дали мојата врска е лоша затоа што е бурна, затоа што проблемите се решаваат со подигнување на гласот, со дерење, плачење и затворање во купатило? Или тоа е мој/наш нормален начин на комуникација?

 

Кога хормоните и разумот играат шах

Тој вели дека во таквите моменти говорат моите хормони, мојата штитна жлезда ПМС, пост МС....Никогаш не ги спомнува своите хормони, а колку што знам биологија тестостеронот е хормон исто така. Значи, според неговата теорија, секогаш се во конфликт моите пореметени хормони, неможноста за самоконтрола,  претераната женска емоционалност и неговиот совршено смирен и прагматичен рацио, кој ги сецира проблемите како најпрецизен скалпел.

Во кавгите јас сум жена со отстранет разум, а тој е логичен и рационален...Не знам каков е тој “дефект”  кои мажите го поседуваат, што веднаш мислат дека покрај нив е другар од кафеаната и со нивните машки мозоци можат да се шамараат со секакви сувопарни рационализми. Да продаваат говор како да се во биртија, кога наложени со добар алкохол расправаат за политиката и економијата. Повеќето мажи кои ги знам, би требало да одат на курс – како да разговараат со жената  “за прашањата на женското срце” – бидејќи тоа е сосем друг начин на комуникација во која само ретките се упатени.

Затоа понекогаш имам чувство дека  лежам во кревет со непријател при што не сум сто посто начисто кој е тој непријател – тој, јас, моите хормони, неговите хормони, моето его, неговото его....или двајцата сме имале само лош ден?!

Прашавме доктор: Психолошки проблеми кај д...
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со ...
6
9 работи кои нема да ги правам со второто ...
Јас немам фотографија од себе како бебе. Сериозно. Такви фотографии воопшто не постојат. Тоа е затоа што сум најмала од ...
4
Ноќни стравови кај децата
Во средината на ноќта сте разбудени од Вашето дете кое пишти во неговата соба. Трчате за да видите што не е во ред и го ...
4
Инфективна мононуклеоза – болест на бакнежот
Инфективната мононуклеоза е една од болестите која предизвикува паничен страв кај родителите. Затоа решивме да ви ја пр...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali doma ucite zaedno so vaset_o dete?

Da (62%)

Ne (12%)

Ponekogas (25%)


Број на сите гласови: 8

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!