Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Детето си избира пријатели исто како што и ние ги избираме своите
Во овој период детето насочено се бори за своите интереси, без да размислува за интересите и чувствата на околината и ако се види загрозено од нешто, преферира да игра само отколку да ги споделува своите играчки. За детето на три години пријателството е нешто површно - тоа се ограничува само на другарчињата со кои игра и се забавуваат на игралиште, без да има некаква поголема блискост со нив. На три-четири години детето веќе знае многу добро што сака и со кого сака да биде. Тоа ги избира своите другарчиња само и не чувствува каење, кога нема да дозволи до себе некој кој не му се допаѓа. И отфрлањето на некое другарче нема да биде, бидејќи тоа му направила нешто лошо, а многу често ќе го прави затоа што само така си одлучило и толку.
А на нашето прашање "зошто не сака да игра со него?", можеме да добиеме какви не разновидни и неосновани одговори: "бидејќи е глупав, бидејќи е помал, бидејќи носи очила или бидејќи не сака да игра со мојата игра" .
Како што размислуваме ние родителите, го учиме детето да ги прифаќа сите, да се однесува добро со сите и да комуницира со сите деца. Сакаме да го научиме да манифестира толеранција и разбирање кон сите.
Реалноста, сепак, е сосема друга - кај нас исто така, го има овој момент - само некои луѓе ни се допаѓаат, а други не и тоа е чувство кое не може да се контролира. И ние си го избираме пријателите на ист начин - да имаме заеднички интереси и исти ставови во повеќето проблеми и за добро или лошо ги избегнуваме луѓето кои се радикално различни од нас.
Нашите деца го прават истото, нели! И нивниот избор треба да се почитува - ова е еден важен чекор во нивниот развој:
- Избирајќи ги своите пријатели во игрите, детето учи да го дефинира и да го контролира својот личен простор, сака се да решава само, што сака и што не сака и да го открива својот сопствен идентитет.
Кога е време да се вмешаат родителите?
Најголем проблем кај овие случаи е птфрлањето на детето. Има една вообичаена причини заради која едно или друго дете се одбиени од останатите. Ако детето ги крши играчките на останатите, сака да командува и да го слушаат, не го запазува нормите на однесување и правилата, тогаш често ќе биде отфрлено.
Меѓутоа, ако отфрлањето е неправедно, родителите треба да интервенираат. Не може да има отфрлени деца, затоа што се подебели, побавни или едноставно затоа што се срамежливи. Во овој случај треба да му разјасните на детето кои квалитети всушност треба да ги цени. Објаснете му дека е забавно да се игра со сите деца, бидејќи. секој има свои квалитети и може да придонесе за играта.
Што ако е нашето дете отфрлено?
Да знаеме кога да интервенираме и кога - не, не е една од најлесните задачи. Од една страна е важно детето да умее да го прави својот избор само, но пак од друга страна треба да се научи да биде толерантно и понекогаш да игра игри, кои не му се од најомилените. За да се постигне оваа рамнотежа, треба да имаме во предвид нешто многу важно: Отфрленото дете не смее да остане со впечаток дека е глупаво и затоа е одбиено и треба многу да се внимава за да не ја изгуби довербата во себе. Добро е да ја испитаме ситуацијата, за да разбереме зошто токму децата го отфрлиле и потоа да му го објасниме тоа поедноставно.
Децата имаат потреба да се чувствуваат интегрирани меѓу останатите, а за да се зајакне тоа чувство треба да помогнеме и ние, родителите. Ако едно дете е одбиено неправедно, треба да објасните дека тоа е погрешно и дека аргументите во случајот не се разумни, односно да ги натераме детето да сфати грешката е важна за неговиот социјално развој. Така тоа ќе го разбере најважното нешто за да успее да се интегрира, имено, дека треба да умее да ги брани сопствените интереси, но не на сметка на другите.
забава Бремените
Автор: bobik
Среќата не е нешто што ќе ни го подари некој друг, ниту нешто што ќе с...
Како родителството ја менува динамиката на врската?
Станувањето родители е еден од најголемите пресврти во животот на една...
Тампони, влошки, менструална чашка
Секој месец, жените се соочуваат со исто прашање: кој е најудобниот и ...
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?