|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прекарите - често несакани поклони

Редакција Рингераја, 6.12.2011
Начинот на кој им се обраќаме на децата има големо влијание врз самодовербата на детето, благодарејќи на тоа што родителите им се неприкосновен пример на децата. Тие веруваат во се' што ќе изговорат родителите.

image
/11


 

 

ПРЕКАРИ КОИ РОДИТЕЛИТЕ ГИ ПОКЛОНУВААТ НА ДЕТЕТО


  • Прекари изведени од имиња 

Овие прекари во главно се скратеници ( Нате од Наталија, Кате од Катерина, Коле од Никола....) но можат да бидат  и продолженија ( Миланчо од Милан, Миушка од Миа, и т.н.) Ваквото ставање прекари брзо заживува во секое семејство. Тие сведочат за меѓусебната блискост  меѓу членовите во семејството, а понекогаш стануваат полноважни и зачестени во употребата наместо вистинското име. Имено, многу деца веќе со 4 и пол или 5 години знаат дека кога мама ќе им се обрати со вистинското име наместо со скратеницата, згрешиле нешто по што следува критика или казна. Прекарите кои се скратен облик на името или презимето, детето често ги носи  во градинка или училиште. Тоа е и негова особеност, бидејќи го разликува од другите деца со исто име.

  • Прекари кои укажуваат на карактерните особини  на детето 

На родителите им е својствено да го наречат детето: “клемпавко”, “јадач”, “растурач”..., тоа не влијае на нивниот однос или љубов кон детето. Меѓутоа, прекарите во кои е издвоена  една особина или  однесување, истовремено говори како Вие го доживувате  Вашето дете и што од него очекувате. Со оглед дека детето е битие во развој  тоа има основна цел да  да ги исполни очекувањата на родителите, тие во кои има најмногу доверба и кои најповеќе ги познава. Така пробајќи да го оправда  Вашиот прекар, тоа почнува (несвесно или свесно)  така и да се однесува. На овој начин  некое негово  негативно однесување  кое сте го ставиле во неговиот прекар и сте го издвоиле, може  во развојната фаза да остане подолго. Накратко, Вие со одредениот прекар сте го одредиле однесувањето на Вашето дете во иднина. Прекарот со кој Вие сте го ословувате детето,  ќе придонесе детето на таков начин да биде перцепирано и од другите деца.Затоа бидете внимателни која особина  ќе ја издвоите и каков ефект тоа може да има на детето.

  • Прекари како  израз на родителска склоност 

Кога е детето уште  мало бебе, родителите можат да му дадат прекар Моцарт (ако многу плаче). Понекогаш во овој тип на прекари , кај родителите може да се поткрадне и лична амбиција. Така, кај детето кое трча или пуца топка, многу татковци гледаат  иден фудбалер, па му даваат прекар по име на спортист.

Прекарите на мали животинки се многу  омилени и кај децата и кај возрасните, но само до одредена возраст. Такви примери  се на пример: “пиле”, “маче”, “зајаче”, ...Со оглед на тоа дека животинките се главни јунаци во многу сликовници и цртани филмови, тие на детето му се блиски и драги. Но до одредено време. Подоцна ги одбиваат  бидејќи се срамат од другарчињата.

  • Центар на животот 

Кога на детето  му се обраќате со “живот  мој”, “мој ангел”,  “срце мое”..... сте врежале   во него многу сопствено очекување. Истовремено сте го ставиле во центарот  на својот живот. Од друга страна, многу родители така и го доживуваат своето дете, како центар на личниот универзум. Дополнителна опасност  претставува  зборот “мој”. За детето чувството дека Вие без него не можете и дека тоа е  клучен фактор во Вашиот живот, претставува големо оптеретување. Постојат и помалку напорни начини. Едноставно речете му “Те сакам нај многу во светот, така ќе биде засекогаш”.

  • Симболика 

Кога на своето дете му се обраќате со т.н. цветни прекари како “трендафил мој”, “љубичице”, вие во него ја втиснувате позитивната симболика, која тој збор за Вас ја има. Исто така, одредена симболика има и честото обраќање на детето “Ах ти си грд”, или “за ништо не те бидува” . Ваквите прекари се одржале и до ден денес иако имаат спротивно значење од тоа во што веруваме. По принцип, на урочено дете му зборуваме спротивно од  вистинското.

  • Милозливо обраќање на детето 

За добар изговор и развивање на говорниот  апарат потребно е од своите најблиски да го чуе правилниот изговор  на зборот или реченицата. На тој начин поттикнувајте го да изговара правилно и сета своја нежност што сакате да му ја кажете, искажете ја со правилно изговорени зборови, а не со “бебешки” говор.

 

 

ПРЕКАРИ КОИ НА ДЕТЕТО МУ ГИ “ПОКЛОНУВААТ” ВРСНИЦИТЕ 

-           Изведени прекари 

Прекарите  од врсниците најчесто се изведени од името, презимето или од некоја физичка карактеристика. Обично се погрдни “ќор”, “слаб”, буцко” и др.

 

Борба против прекарите 

Кога детето не го сака прекарот тоа од Вас очекува разбирање и поддршка. Затоа, внимавајте  тој прекар да не го засака или да се навикне на него. Наместо да го советувате  да се навикне на својата мана, помогнете му  начинот на однесување и обраќање кон другите деца да го смени. Постојат неколку начини:

-           Отворен разговор. Упатете го насамо да разговара  со тие што му го дале тој прекар. На овој начин детето сте го поттикнале  само да го решава својот проблем но сте му дале поддршка, помош.

 

-          Еве ти и тебе еден. Пронајдете грд, но погоден и смешен прекар на оној кој тоа му го сторил на Вашето дете. Освен Вас, никој не мора да знае.  Бидејќи тоа на детето може да му се врати како бумеранг. Нека  остане тоа тајна  меѓу вас и од Вашето дете.

 

      - Негативна утеха. Понекогаш се случува детето да има сосема слободна слика  за себе  и дека тој начин на однесување на околината  не и  се допаѓа. Односно  детето не се гледа  и доживува како “ќоро” само затоа што носи наочари, а баш е тој прекарот кој го носи. Немојте да им давате поддршка на другарите. Потврдувајќи и објаснувајќи ги причините  заради кои другите во Вашето дете гледаат  “ќор”  не правете дополнителна грешка па на другарот да му речете “забло” или слично. Децата во училиште имаат  основа за несигурност заради ваков или таков физички изглед.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детски хороскоп: Дете Бик
Мили, талентирани, емотивни...Како да одгледувате дете родено во знакот на Бик?
6
Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
4
Стандарди за рано учење и развој
Здравјето и добросостојбата на децата се клучни фактори во процесот на растењето и развојот, којшто се одвива во текот н...
3
Кога да го оставите детето само дома?
Се прашувате дали Вашето дете е доволно зрело за да може понекогаш да остане само дома? Ќе Ви помогнеме да добиете одгов...
3




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?