|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Научете го детето да користи нокшир

Редакција Рингераја, 29.9.2018
За Вашето дете нокширот е нешто сосема непознато. До моментот додека не почнавте да го споменувате и додека детето ги извршувате своите физиолошки потреби во еднократни пелени, немаше никакви проблеми

image
/11


Нокширот во очите на детето е се друго, само не и тоа за кое му е намената. За да успеете да го научите детето, треба да сте трпеливи и да ги следите знаците. Детето само ќе Ви покаже кога е време да се остават еднократните пелени.

Еден од првите значи, кој може да Ви помогне, е пореткото менување на еднократна пелена. Ако забележите дека детето ја полни пелената на поголем интервал, може да му го покажете нокширот.  Секогаш кога имате можност седнувајте го детето на нокшир и обидете се да му го одвлечете вниманието за да седи подолго време.

Драги родители, ова е една од најсложените фази во воспитувањето на детето. За повеќето деца средбата со нокширот не е најпријатното нешто. Во почетокот детето може да одбива да седи на него. Од Вас се очекува многу трпение, а ние сме тука за да Ви предложиме неколку трикови со кои ќе го олесните процесот:

  1. Многу е важно на почетокот на детето да му ја објасните намената на нокширот.
  2. Нокширот треба да стои на видлив место за детето да може постојано да го гледа.
  3. Во летните денови дозволете му на детето да се шета голо дома и не му ставајте еднократни пелени.
  4. Извадете ги еднократните пелени и седнувајте го детето на нокшир почесто. Важно е да не Ве фаќа паника и да не се нервирате, разберете дека детето до вчера не знаеше дека нокширот постои.  Децата се заигруваат и забораваат на вршењето нужда. Потсетувајте го одвреме на време да седне на нокшир и кога ќе згреши повторете му дека следниот пат треба да Ви каже, со смирен тон.
  5. Најважно правило – бидете смирени и ведри. Независно колку е тешко и колку детето згрешава, не се нервирајте. Детето не го прави тоа за Вас да Ви го загорчи животот. Тоа за него е голема промена и мора да му дадете можност да се навикне.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Примена на методот Монтесори во секојдневието
Популарната во целиот свет техника, на Марија Монтесори може да биде користена не само во училиштата и градинките, туку ...
4
Шест причини зошто баба е подобра од мама
Колку и да се вкусни на мама манџите, друго е баба да ти зготви. Дали затоа што има повеќе кулинарско искуство или пак б...
4
Детето и домашното милениче
Одгледувањето на домашни миленичиња е еден од највозбудливите настани за децата. Пред конечно да одлучите дали вашето де...
4
Семе од босилек - непозната супер храна
Дали сте слушнале дека семето од босилек може да се јаде и всушност е многу добро за здравјето? Иако тоа е малку познато...
4




Анкета

„Намаз“.
пеперутка16

Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?