|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нашите деца растат во “all inclusive” аранжман!

Редакција Рингераја, 16.10.2015
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле како да заработат во животот, како да располагаат со парите, дека требало да ги пуштаме да прават повеќе грешки

image
/11


 

 

Ги носевме клучевите од станот околу вратот, одевме пешки сами на училиште и се враќавме во празна куќа, бидејќи родителите се уште ни беа на работа. Преминувавме раскрсници за да купиме мастика во облик на цигара, со паричката која ни беше скриена во празна конзерва.

 

Наши игралишта беа блиските градилишта, куповите земја, барите со жаби, кои ги чувавме како домашни миленичиња.  Се пентеревме по дрва, доаѓавме дома калливи, прескокнувавме комшиски огради. Во лето одевме боси, табаните ни беа црни како јаглен, а  под ноктите имавме насобрана нечистотија. Нашите граници ги дефинираа скејтот, ролерите и велосипедите – нашите родители се мрштеа ако побаравме да не однесат некаде. Беа премногу зафатени со читање весници, гледање сапуници или пиење пиво со комшиите.

 

Дома си одевме кога ќе паднеше мрак, ниту минута порано.

Ние своите деца ги добивме доцна. Веројатно многу доцна. Сега сме раздразливи, хронично ненаспиени родители од 40 и кусур години. Тврдиме дека ни е жал што сме чекале, бидејќи прво сме морале да изградиме кариера  и да заштедиме доволно пари, макар што знаеме дека немаме ниту кариера, ниту пак доволно заштедени пари.

 

Ги развозуваме децата на танц, во музичко, на англиски, на пливање, на родендени...

Иако тие во потполност управуваат со нашето време, ние тврдиме дека ваквите активности ги прават комплетни личности, друштвени, образовани, креативни...

 

Ретко ги губиме од вид. Тие се нашите мали гранки, пупки кои виреат од нашите стебла, квалитетот, трајноста и бојата на нивниот цвет во потполност зависи од нашето внимателно, одмерено и промислено негување. Ги ставаме во носилки како бебиња, во количка како двегодишни деца, им даваме мобилни телефони за да го следиме нивното движење, како тинејџери.

 

Спијат во нашиот кревет до средно училиште

Иако ние ги чувавме помалите браќа и сестри кога имавме 9 години ( и наша одговорност беше да бидат живи), сега како родители плаќаме факултетски образовани бебиситерки, со положен испит за прва помош, со препорака, со проверен бекграунд, кои не само што треба да ги чуваат нашите деца, туку со нив треба да прават и оригами, да приредуваат претстави, да ги подучуваат филозофија и кинески јазик.

Нас секогаш не бираа последни во училишниот фудбалски тим и не ни беше дозволено да плачеме заради тоа. Ни велеа дека треба да бидеме јаки, а не да цмиздриме.

Наградата би ја добило едно дете, од нас 256, кое навистина било прво во трката, или добило апсолутно најмногу поени на испит. Сите ние останатите губевме. Ние бевме губитници. И тоа ни беше сосем нормално.

Медаљите, трофеите, значките и дипломите за труд и учество, сега ги прекриваат ѕидовите на собите на нашите деца.

Ние јадевме храна од конзерва, од кутија и од замрзнувач. Вечеравме пред телевизорот кој имаше само 4 канали, 3 ако врне дожд. Не смеевме да им кажеме на родителите дека храната не ни се допаѓа, дека не ја сакаме, или не сме расположени за таков вид на храна. Моравме да ги исчистиме чиниите, да ја изедеме секоја ронка, во спротивно ќе слушавме лекции за гладните деца  во земјите на третиот свет. Она што немаше да го изедеме за вечера, ќе го добиевме за појадок следниот ден.

 

Како родители, на децата им подготвуваме совршен оброк, без глутен, од домашно производство, органски...

Како деца извршувавме куќни работи. Рибавме линолеумски подови, диплевме алишта, рибавме WC школки, пеглавме алишта и перевме автомобили. Ги извршувавме овие работи бидејќи нашите родители така ни рекле, бидејќи нашите родители имаа кичма, бидејќи беа диктатори од кои се плашевме. Скоро никогаш не добивавме пари за куќните работи. За да заработиме, моравме да продаваме сладолед, да чистиме шофершајбни на бензинските станици, да разнесуваме весници...

 

Нашите деца добиваат џепарлак само заради тоа што постојат. Тие се дури и претерано зафатени за да имаат вистински обврски. Тие имаат непрегледен избор пред себе. Нивното детство личи на летување во all inclusive аранжман. Можат да бираат и како ќе ги казниме – дали ќе одат во својата соба, или нешто ќе им забраниме. Но како тоа да е воопшто битно, тие и не го знаат значењето на зборот не.

 

Од нас никој не беше надарен.

 

Сега сите деца се надарени.

 

За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле како да заработат во животот, како да располагаат со парите, дека требало да ги пуштаме да прават повеќе грешки. Ќе се жалат дека им требале повеќе правила, повеќе независност и помалку од нашето пријателство, помалку време пред екранот, помалку параноидни интернет линкови...

 

Автор: Anjali Enjeti, Huffington post

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
5
Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
3
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3
Ќотекот НЕ е излезен од рајот
Родителите имаат многу улоги во животот на детето. Тие се воспитувачи, доктори, тренери, возачи, учители, медијатори, го...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?