|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Направете сами: уметност на нокти

Редакција Рингераја, 25.7.2012
Начинот на кој ги украсувате ноктите говори многу за Вашата личност. Ноктите влијаат на формирање прв впечаток за личноста, бидејќи најмногу привлекуваат внимание при ракување. Погледнете туториал за пет оригинални начини за украсување на нокти

/11


 

 

Ако сакате да се разликувате од другите, нема потреба да трошите пари во салони за убавина, бидејќи со малку труд може да имате нокти кои на Вашата околина ќе и дадат знак дека сте креативна и интересна личност.

 

Како од весник

 

веснк


Подгответе десет исечоци на текст од весник, малку поголеми од површината на ноктот. Намачкајте ги ноктите со светол лак кој ќе послужи како основа – можете да користите бела боја или лак со нијанса на боја на кожа. Потоа ставете алкохол во мал сад и ставете го прстот водејќи сметка цел нокт да биде потопен. Земете го исечокот од весник, ставете г на ноктот и држете го неколку секунди притискајќи го. Многу е важно да не го мрдате весникот за пресликаните букви да изгледаат јасно. Полека тргнете го весникот и на Вашите нокти ќе има букви. ПОвторете ја постапката со сите прсти. и на крај ставете безбоен лак како заштитен слој.

 

Сунѓерест дизајн

 

сунѓер


За овој начин на украсување на нокти ќе Ви бидат потребни два лакови во различна боја и обичен кујнски сунѓер. Едната страна на сунѓерот натопете ја со лакот во зелена боја и со нежни движења натапкајте боја на горниот дел на ноктот. Почекајте да се исуши и повторете ја постапката со долната површина на ноктот користејќи ја другата страна на сунѓерот. Може да се случи лак да заврши и на кожата, па во тој случај употребете стапчиња за уши натопени во ацетон за целиот дизајн да изгледа уредно. Нанесете безбоен лак над ноктите за се да остане на свое место.

 

 

Јаготки на прстите

 

јаготки


Ако сакате јаготки, ова е вистинскиот дизајн за Вас. Нанесете црвен лак како основа и почекајте добро да се исуши. Потоа употребете зелен лак за да нацртате ливчиња на врвовите. На остатокот од површината во црвена боја направете бели или жолти точки. На крајот фиксирајте ги јаготките на своите нокти со помош на безбоен лак.

 

 

Се во точки

 

точки


Најважен елемент на овој дизајн се точките, па ќе Ви биде неопходно нешто со што ќе ги нацртате. Можете да користите чечкалица, пенкало кое не работи врв од шноличка или врв од игла.

Пред да почнете испробајте на хартија што најмногу ќе Ви одговара. Изберете боја која ќе Ви послужи како база . Кога лакот ќе се исуши нанесете точки, а над нив ставете заштитен слој од безбоен лак.

 

 

Мермерни нокти

 

мермер


Овој начин на украсување на нокти е најтежок, но има најоригинални резултати. Потребни Ви се плиток сад со вода, два или повеќе лакови во различни бои, едно пенкало и леплива лента. Започнете со тоа што прстот ќе го залепите со леплива лента од сите страни така што ноктот ќе остане слободен Во садот со вода ставајте капки од лаковите во различни бои една врз друга капка, чекајќи да се разлеат.Измешајте ги боите користејќи чечкалица. Ставете го прстот во бојата така што таа да се задржи на површината на ноктот, а со чечкалицата отстранете го остатокот од бојата кој нема да Ви треба. Повторете ја постапката за секој нокт. На крај нанесете безбоен лак.                                                                                                                                               

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Борба против акните – чекор по чекор до чи...
Акните не се само проблем со кој се соочуваат тинејџерите. Тие се еден од најчестите кожни проблеми, кои можат да се пој...
5
Истегнете се покрај компјутерот
Долгите периоди на седење покрај компјутерот или на работната маса се честа причина за појава на вкочанетост во рамената...
3
Намалете ги сметките за струја со овие три...
Мора да знаете дека кога уредите не се исклучени од струја трошат и понатаму 24% енергија
3
Водителката Миа Костова се сврши
Таа го покажа својот веренички прстен на Инстаграм
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?