|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Направете го почетокот на учебната година полесен

Редакција Рингераја, 27.8.2019
Најголем број од децата се чувствуваат вознемирено и возбудено кога треба по прв пат да влезат во училишните клупи. Вие како родител може да им го олесните тој процес

image
/11


  • Истакнете ги позитивните страни од одењето на училиште: ќе биде забавно, ќе се сретне со другарчињата од градинка, ќе запознае нови другарчиња, пробајте да му кажете на детето дека сигурно ќе му биде многу убаво.
  • Потсетете го дека не се само децата оние кои чувствуваат непријатност поради првиот училишен ден. Наставниците многу добро знаат дека треба да направат дополнителен напор да за да има ја олеснат адаптацијата на децата во училиштето.
  • Направете проверка на некои достигнувања на вашето дете од претходната година и разговарајте со него за нови и интресени работи кои ќе ги научи во годината што следува. 
  • Купете некоја ситница за вашето дете (пенкало или некој приврзок) кој ќе го потсетува дека мислите на него додека е во училиште или можете да оставите мали белешки во неговиот ранец или кутијата за храна.
  • Потрудете се да го убедите вашето дете дека ако се случи било каков проблем, вие ќе бидете тука за да помогнете истиот да се реши. Секогаш мора да сте активно вклучени во тоа што се случува на училиште како би можеле навремено да реагирате. 
  • Побарајте дете од вашето соседство со кое ќе можат заедно да одат во училиште. 
  • Охрабрете го да побара нови другарчиња од одделенеието или додека се на детското игралиште или вие поканете ги да играат некоја заедничка игра како би можеле подобро да се запознаат. 
  • По завршувањето на часовите, покажете малку повеќе грижа и внимание кон вашето дете. Гушнете го и прашајте го како поминал денот на училиште. Прашајте го за сè што се случувало, дали стекнал нови другарчиња, дали му било интересно, дали му е нешто потребно од школски прибор како би можеле да одите и заедно да го купите.

Како дополнување на погоре кажаните препораки, можеби ќе треба и дополнителна поддршка за вашето дете на почетокот на школската година. Еве неколку сугестии за подобро адаптирање:

  • Разговарајте со детето за неговите чувства, дали е возбудено или исплашено во врска со почетокто на учебната година.
  • Посетете го училиштето со вашето дете. Наставниците се обично во училиштето неколку дена пред почетокот на училишната година. Видете ја училницата каде што ќе престојува и запознајте го со наставниците ако е тоа возможно. Можеби полесно ќе можете да ги воочите неговите стравови поради тоа што детето веќе ќе може да го визуелизира училиштето и училницата и да има дополнителни прашања како тоа би изгледало.
  • Обидете се да најдете некои од неговите соученици ако не ги има сретнато порано во градинка како би можело детето да се запознае со нив и да поиграат заедно како би имало во училницата неколку пријателски лица кои ќе му бидат познати кога ќе започне школската година.
  • Не градете нереалистични очекувања за тоа колку прекрасно ќе му биде на училиште но бидете оптимистични околу тоа како ќе се одвиваат работите во новото училиште. Не заборавајте дека и наставниците ќе имаат голем дел во тоа да го направата престојот на вашето дете во училиштето што покомфорен.
  • Ако вашето дете се заинтересира за некоја групна активност која се одвива во училиштето, охрабрете го да се вклучи во истата.
  • Во врска со вон-школски активности, видете што е она што би одговарало на неговиот карактер и не го терајте по секоја цена да се вклучи во некоја. Навикнувањето на новата средина и училештето можеби нема да се одвива толку брзо и секоја дополнителна активност можеби би била дополнителен стрес за него.

Во текот на првите неколку недели од училишната година, наставниците ќе можат да ви дадат некакви информации околу тоа како вашето дете се вклопило во средината и како напредува. Тоа ќе ви даде некаква насока дали добро сте постапиле и на што би требало да обрнете внимание во иднина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Комаровски: Зачувајте го имунитетот ка...
Нашата јавност е од неодамна запозната со Др. Комаровски, педијатар од Харков, кој ги едуцира родителите на територијата...
4
Овој семафор ќе ве спречи да поминете на ц...
Кога за последен пат поминавте на црвено? Вчера?! Денес?! Пред еден час?! Овој семафор ќе ве спречи да го направите тоа...
4
Стандарди за рано учење и развој
Здравјето и добросостојбата на децата се клучни фактори во процесот на растењето и развојот, којшто се одвива во текот н...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?