|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Најдобрата мајка на светот!

Lisa Sadikman, 4.5.2015
Ако можев да ја бирам својата мајка, ќе те изберев тебе – рече мојата 9-годишна ќерка. Тоа е толку слатко. Но зошто? Бидејќи ти си најдобрата мајка на светот! – рече и излезе надвор од собата. Навистина? Нема шанси...

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Некои денови сум убедена дека спаѓам во најлошите мајки на светот. Не мислам дека спаѓам во оние мајки кои физички и емотивно ги повредуваат своите деца. Тоа е друга категорија. Можеби не сум лоша, но не спаѓам ни во совршените мајки.

Викам по моите деца наутро да побрзаат, бидејќи ќе задоцнат за на училиште. Им велам дека нема да ги сакам ако не престанат да трчаат како лавови околу масата. Вртам со очите, кога шестоодделенката ќе се сопне и ќе падне на подот. Го губам трпението кога  заспивањето на најмалото дете трае со часови.

Затоа не ме прогласувајте за најдобра мајка.

Но сепак изберете ме.

Изберете ме бидејќи не се плашам од пајаци, од качување по планини, или од повреда на коленото. Паѓањето не ме плаши, бидејќи носи самодоверба  и храброст. Можам да ви држам часови за тоа како да бидете храбри, но исто така мора да знаете дека е во ред да побарате помош, да ги знаете сопствените граници, но исто така и да бидете подобри од останатите.

Изберете ме бидејќи знам да возам скејтборд, ролер скејт и ролери. Сакам да одам на кошаркарски натпревари, не само заради хот-догот и пивото. Сакам да те гледам како играш фудбал и да го видам тој скаменет израз на лицето кога ќе ти дадат гол.

Избери ме бидејќи секогаш ќе те држам за рака. Кога напушташ едно место и одиш во друго, кога излегуваш од лош, а влегуваш во добар бизнис. Ако имаш кој да те држи за рака, се е поинаку.

Избери ме бидејќи секогаш ќе ти ја кажувам вистината. Но не некоја сурова вистина која ќе ти го повреди срцето. Ќе ти ја кажувам вистината, кога ќе сакаш да ја слушнеш, дури и кога е болна, дури и кога е брилијантна. Вистината е како дрога: на некои луѓе им треба цела доза вистина, а кај други делува депримирачки.  Најди ја средината меѓу кажувањето и примањето на вистината.

Избери ме бидејќи знам да се наместам кога ќе сакаш да легнеш на моето рамо и да заспиеш. Знам како да те бакнам и како да ти посакам  добра ноќ.

Избери ме бидејќи секогаш ти подготвувам свеж оброк. На тој начин те сакам.

Избери ме бидејќи верувам во чуда. Бидејќи сум перфекционист. Бидејќи мразам да правам грешки. Јас се обвинувам себеси кога некој од вас се чувствува лошо и сочувствувам со вашата тага.

Да, изберете ме мене, бидејќи не постои никој друг кој ве познава подобро и кој ве сака повеќе. Јас сум најдобрата мајка на светот, се додека можам да бидам ваша мајка.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тајната на послушните деца не е во казните
Многу родители се прашуваат како да ги воспитуваат децата така што тие ќе прават добри избори и со самото тоа ќе бидат д...
4
Бракот по децата
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за секој пар.
4
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават повторно физичка и емотивна близина, која ја имале пр...
4
Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
4




Анкета

Јасли.
пеперутка16

Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?

Да. (100%)

Не. (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!