Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Поделба на инфекциите на дишните патишта.
Инфекциите на дишните патишта можеме да ги поделиме врз основа на разни критериуми:
- место на инфекцијата
- вид на предизвикувач
- тек на болеста и компликации
Инфекциите на дишните патишта во однос на местото на инфекцијата се делат на инфекции на горните дишни патишта и инфекции на долните дишни патишта. Воспаленијата на долните дишни патишта чинат само 5% од сите инфекции на дишните патишта. Децата најчесто заболуваат од инфекции на горните дишни патишта (нос, крајници, уво и грло). Овие инфекции по правило не се сериозни и само исклучително ретко можат да го загрозат животот на детето. Ако се повторуваат и ако се долготрајни, можат да влијаат на квалитетот на неговиот живот.
Во однос на предизвикувачот, инфекциите се делат на вирусни, бактериски, нетипични, гливични и паразитски.
Од 90 до 95% од акутните инфекции на дишните патишта се предизвикани од вируси. Бактериите се примарен предизвикувач само кај 5-10% од сите инфекции на дишните патишта.
Други предизвикувачи се и нетипични бактерии (микоплазма и кламидија), како и различни гливички и паразити кај деца со ослабен имунитет. Секундарната бактериска инфекција, која е последица на ослабен имунитет и оштетена слузница на душните патишта, може да доведе до компликации на вирусните инфекции. Затоа секундарната бактериска инфекција има сложен тек на болеста.
Во однос на траењето на инфекциите на дишните патишта, инфекциите можеме да ги поделиме на акутни инфекции кои се дефинираат како чести инфекции и на хронични инфекции, кои траат подолго од 3 месеци.
Какви се знаците на инфекција на дишните патишта?
Општи симптоми: покачена телесна температура, дури и висока, замор, слабост, поспаност, грозница, немир, раздразливост, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, намален апетит. Симптомите се развиваат различно кај различни воспаленија.
Локални симптоми на инфекција на дишни патишта:
Инфекција на горните дишни патишта
| Локални симптоми |
Акутно воспаление на носот (обична настинка, ринитис) | Чешање во носот, кивање, воден слузав или гноен секрет од носот, затнат нос, дишење на уста, сува слузокожа во носот, повремена иритирачка кашлица |
Акутно воспаление на параназалните синуси (синуситис) – честа компликација на обичната настинка
| Слузав или гноен секрет од носот, затнат нос, главоболка, јака и иритирачка кашлица која доведува до слевање на секретот од носот во грлото, чешање на носот во лежечка состојба. |
Акутно воспаление на грлото и крајниците (фарингитис и акутен тонзилитис)
| Болно грло, гребење во грлото, отежнато голтање, кашлица, црвено грло и крајници, или бели наслаги на нив, често повраќање и болки во желудникот. |
Акутно воспаление на ушите (отитис) – најчесто воспаление на средното уво | Болки во ушите, лош слух |
Акутно воспаление на грлото (ларингитис)
| Губење на гласот, кашлица слична на лаеж, задишеност и свирење при вдишување, гушење. |
Локални симптоми на инфекција на долните дишни патишта
Инфекција на долните дишни патишта
| Локални симптоми |
Акутно воспаление на дишникот (трахеитис) | Иритирачка кашлица, присутен секрет кој постепено води во продуктивна кашлица со содржини за искашлување, болка и чувство на печење во горниот дел на градниот кош. |
Акутно воспаление на бронхиите (бронхитис) | Сува и иритирачка кашлица која постепено преминува во кашлица со содржини за искашлување и повраќање на секретот, кај некои деца се јавува свирење при дишење и краток здив заради намалување на обемот на дишните патишта во белите дробови (бронхиите) |
Акутно воспаление на белите дробови (бронхопневмонија и плевритис) | Сува и иритирачка кашлица која постепено преминува во кашлица со содржини за искашлување и повраќање на секретот, болки во градниот кош, длабокото дишење ги намалува болките на страната која е заразена, задишеност, општа состојба на замор. |
Како да ги спречиме инфекциите на дишните патишта
Еден од основните начини на спречување на инфекции на дишните патишта е здравата исхрана – внесување на доволна количина на течности, продукти богати со витамини, минерали, продукти кои содржат растителни влакна, како и продукти кои содржат малку маснотии, шеќери и вештачки ароми.
Важна улога има и физичката активност на детето (различни спортови, на пример пливање, возење велосипед, трчање и пешачење), доволно сон и редовна прошетка на свеж воздух. Корисен е и престојот на море.
Во борбата за спречување на инфекциите најважна е грижата за личната хигиена и зајакнување на физичката отпорност.
Освен тоа, потребно е да се води сметка за проветрување на просториите, соодветна температура и степен на влажност во нив, што помалку прашина и забрана за пушење во близина на детето.
Во време кога инфекциите на дишните патишта се се почести, треба да се избегнуваат простории во кои се задржуваат многу луѓе и потребно е да се консумираат што повеќе витамини и природни состојки кои го поттикнуваат имунолошкиот систем. За поттикнување на физичката отпорност кај децата кои често заболуваат од инфекции на дишните патишта можеме да користиме додатоци во исхраната кои го активираат имунолошкиот систем, посебно ако се на природна база.
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?