Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Се обидувате да го разбудите, го прашувате што не е во ред, но тоа не одговара, туку едноставно продолжува да пишти. Уплашени сте и не знаете што да правите. По неколку минути Вашето дете повторно заспива и наутро кога ќе се разбуди не се сеќава за овој настан. Карактеристики на ноќните стравови:
Ноќните стравови се безопасни и секоја епизода ќе престане сама по себе.
Зошто детето има ноќни стравови?
Ноќните стравови се наследен проблем и се случуваат со околу 2% од децата. Изгледа како детето да сонува лошо за време на длабокиот сон и не може да се разбуди. Ноќните стравови не се предизвикани од ментална напнатост, но се поврзуваат со преголем замор.
Дали моето дете ќе го надрасне овој проблем
Да, повеќето деца ќе престанат да бидат измачувани од ноќните стравови до 12 годишна возраст и порано.
Што да направам кога моето дете ќе има кошмар?
- Помогнете му на детето повторно да заспие. Не се обидувајте да го разбудите детето. Запалете го светлото, за Вашето дете да не се плаши од сенките. Останете смирени и зборувајте му на детето со утешен тон: “Ти си добро, ти си дома, ти си во своето креветче, ти можеш да заспиеш повторно”. Зборувајте тивко и мирно и продолжете да ги повторувате истите утешни зборови. Може да се обидете да ја држите неговата рака или да го гушнете, но ако не сака, не инсистирајте. Не се обидувајте да го разбудите со викање или тресење, бидејќи тоа само повеќе ќе го збуни и ќе го одолговлечи нападот на ноќен страв.
- Заштитете го од повреди - држете го детето подалеку од скали, прозорци или остри предмети. Обидете се нежно да го насочите назад во креветот.
- Предупредете ги другите членови на семејството, или дадилката, ако понекогаш се грижат за детето во текот на ноќта. Објаснете им што да направат во случај на напад.
Може ли да се спречат ноќните стравови?
Кај 90% од децата кои имале ноќни стравови, ефикасна била следната постапка:
Во текот на неколку ноќи забележете во кое време почнуваат кошмарите. Разбудете го детето 15 минути пред очекуваната епизода, извадете го од креветот и целосно разбудете го на 5 минути. Правете го тоа во текот на последователни седум ноќи. Ако ноќните стравови продолжуваат, повторете ја постапката со уште седум ноќи на будење.
Дали ова му се има случено на Вашето дете и како се справивте со таа ситуација?
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Кога отокот во бременоста е нормален, а кога е аларм?
Отекувањето на стапалата, глуждовите и дланките е чест симптом за врем...
Разлика меѓу природни и синтетички витамини
Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот, но ко...
Апликации за следење овулација кои вредат
Следењето на менструалниот циклус и овулацијата денес е полесно од ког...
Стрес и забременување, што навистина помага?
Кога паровите се обидуваат да добијат дете, често слушаат совети од ти...
Кога една жена ќе дознае дека е бремена, животот не се менува само за ...