|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Мартина Трајаноска, е 20 годишна девојка, постдипломец на Технолошко Металуршки факултет. Во виртуелниот свет позната по својот фуд блог @martinascookingg, кој изобилува со многу брзи, лесни и вкусни рецепти, кои таа секојдневно ги споделува

image
/11


Она што на прв поглед плени кај нејзиниот профил се рецептите кои најчесто се составени од неколку состојки, лесно достапни за сечиј џеб, чии постапки на подготвување се идеални за сите, од студенти до зафатени мајки. Мартина е достапна за сите кои имаат додатни прашања во врска со истите, секогаш љубезна и спремна да помогне.

 

Рингераја: Иако инстаграм профилот датира од пред неколку месеци, твоите следачи ја знаат историјата на истиот - беше жртва на хакерски напад, но само за неколку дена бројката на следачи достигна над 15К, што само посебе зборува за успехот на истиот. Какво е чувството да се биде креаторка на еден таков профил, да се биде почитувана, да се биде инспирација за толкав број на луѓе?

 

Мартина: Најпрво Ви благодарам за секој еден убав збор, премногу ми значи. Сите преубави слики, рекреации, пораки и многу нови пријателства кои ги добивам преку инстаграм секојдневно се она што најмногу ме исполнува и ме мотивира за подобро, а и самото тоа кажува дека сум на добар пат. Она што се случи со профилот, а за толку кратко време се вративме назад со почеток од нула мислам дека е најголем доказ дека станува збор за содржина која им се допаѓа и им е од корист  на сите оние кои биле и сега со мене, а јас сум бескрајно среќна кога гледам дека барем малку можам да помогнам некому.

 

mart

 

Рингераја: Да те навратам на почетоците кога станува збор за инстаграм. Од кога датира профилот, како дојде до самата идеја за него? Имаше ли замисла да го достигнеш ова што го имаш денес, или сето ова е изненадување и за тебе?

 

Мартина: Искрено јас се уште сум прилично нова во ова, со тоа што првиот профил го направив пред околу една година. Започна сосема случајно и воопшто не планирано. Скоро секој мој оброк го објавував на стори на мојот приватен профил, а не се чувствував како тоа да е вистинското место за секојдневно споделување. Профилот martinascooking го направив за мојот близок круг на пријатели кои сепак сакаа да видат што споделувам, но целта и замислата воопшто не беше ова што е денес, што не можам да кажам дека ова денес не ми годи.


Рингераја: Кажи ми за почетоците на твоето "освојување територија во кујната". Кога и како започна твојата љубов кон готвењето? Каде црпиш инспирација? Каков е процесот од идеја до реализација на ден рецепт?

 

Мартина: Љубов од мали нозе. Уште од правење на колачи од кал заедно со сите другари од маало, па се до врткање низ кујна со мојата мајка и моите баби, па се до ова денес.  Постојано кога моите не беа дома, како девојче, влегував во кујна и експериментирав со тоа што ќе најдам во фрижидер. Постојано гледав емисии и натпревари за готвење, па пробував да направам она што сум видела. Инспирација црпам од се околу мене, од сите вас кои ме поддржувате и ми пишувате, од сите книги, емисии, видеа и слики поврзани со готвење. А процесот од идеја до реализација некогаш знае да е едноставен, а некогаш бара повеќе труд, време и работа

 

Рингераја: Едно обележје на твоите рецепти е тоа што често е наведено дека се состојат само од 2,3,5.. состојки. Дали ти е полесно кога имаш задача да создадеш нешто, пример торта, па според тоа купуваш состојки, или ти е подобро кога имаш одредени состојки, па според нив создаваш нешто и така добиваш одреден рецепт?

 

Мартина: Тргнувам од сама себе. Да, обожавам готвење, можам да готвам некогаш и повеќе часа на ден, но тоа секогаш се брзи и лесни рецепти со што е можно по едноставни состојки и постапка. Најчесто готвам од она што имам дома и така ми е многу по едноставно отколку да морам постојано да купувам некои нови работи само за некој посебен рецепт

 

Рингераја: Колку време е потребно за да се создаде еден пост, почнувајќи од смислување рецепт, подготвување, фотографирање, пишување опис...?

 

Мартина: Многу повеќе отколку што најчесто се мисли дека треба. Барем јас сакам да ми е се средено и наместено онака како што сум замислила, а процесот некогаш знае да трае и до неколку часа. Најпрво целата постапка и спремање на еден оброк(која може да трае и не цели 10 минути), а потоа местење на позадина, подлога, додатоци, светло, сликање, уредување на слика, уредување на текст и еден мал милион работи измеѓу. Но би кажала едно нешто, кога се работи со многу љубов и внимание се си доаѓа на свое место, а се чувствуваш исполнет и среќен. А така се чувствувам јас работејќи ја оваа работа.

 

martina

 

Рингераја: Тековно си студент, имаш обврски околу студиите, а и самиот профил одзема време. Твоите рецепти се доста популарни и веднаш по објавувањето, десетици следачи ги испробуваат, па ги споделуваат, ти пишуваат да ти се заблагодарат, бараат совет за нешто... Верувам не е лесно, но сигурна сум дека уживаш.

 

Мартина: Периодот на испитна сесија објавувањето на рецепти и објави го намалувам, но секогаш сум тука за прашања, совети  секогаш гледам да вратам на пораки што е можно побрзо, а со добра организација се може да се постигне

 

Рингераја: Дали повеќе уживаш кога си готвиш за себе, за семејството, за своја душа што би рекле, или кога готвиш за некој друг? Сум приметила дека имаш соработка со кафетерија за крофните. Каде сe може да се пробаат твоите јадења?

 

lava

 

Мартина: Уживам да готвам буквално за сите. Многу често се случува јас нештото и да не го пробам, но сите блиски, комшии, колеги и другарки да пробаат. Често знам да зготвам нешто, да го спакувам и да го подарам некому, а пред некое  време имав и соработки со неколку кафетерии, но периодов е тоа паузирано поради многуте обврски со факултет.

 

Рингераја: Што правиш кога не готвиш и не си онлајн во врска со блогот? Која е Мартина во приватниот живот?

 

Мартина: Гледам да поминам квалитетно и убаво време со моите блиски. Кога не работам онлине на блогот, им помагам на моите со приватен бизнис, добар дел од времето го посветувам на факултетот, а доста сакам и да патувам.

 

kompi

 

Рингераја: Кажи ми нешто повеќе за @martinascraftss.

 

Мартина: @martinascraftss е сосема друга приказна која настана исто толку случајно колку и блогот за храна. Јас сум постојано поврзана со работа, им помагам како на моите дома, така и на моите блиски колку и што можам, а на кафе муабет со мои пријатели одлучиивме да започнеме нешто како што е martinascrafts. Дел од изработките кои се поврзани со кујна се со моето лого и име, како тетратките и крпите, а останатите се рачно изработени дрвени изработки со многу, љубов, труд и внимание.

 

Рингераја: Твоја порака до читателите

 

Мартина: Сакајте се, почитувајте се и останете свои. Дружете се, простете и поминете квалитетно и добро време со оние кои ви значат. Се што правите, правете со мнооогу љубов и уживајте во малите нешта. До следно читање и следен рецепт

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Топ модели на мали црни фустани
Вечниот шарм на малите црни фустани не може да се порекне. Затоа, за вистинските модни класици, кои најдобро се чувствув...
3
Совети за убавина во текот на бременоста
Сте се запрашале ли некогаш како познатите актерки, модели и пејачки изгледаат секогаш средено и совршено за време на бр...
3
Бритни Спирс е повторно верена
Бритни Спирс и Џејсон Травик се верени! Џејсон ја побарал за жена на неговиот 40-ти роденден, изминатата недела, а поп п...
3
Анџелина Џоли блесна на премиерата на први...
На 62-от Берлински фестивал во Германија, синоќа беше прикажана премиерата на филмот Во земјата на медот и крвта. Поглед...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vi se slucilo nekogas da nemate sto da oblecete,iako plakarot vi e prepoln so garderoba?

Da (80%)

Ne (0%)

Ponekogas (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!