|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај авторката Мирјана Проданова

Марина Кљајиќ Петковски, 3.3.2021
Книгата „Сопругата на детективот ", во издание на Сакам Книги е првенче на авторката Мирјана Проданова. Книга за која до право се вели - светска а наша.Обработува една деликатна и за жал многу застапена тема - семејно насилство

image
/11


За брзо по издавањето стана хит а со тоа и Мирјана стана една од омилените македонски авторки. 

За книгата, инспирацијата за неа и многу повеќе, денес разговараме со Мирјана. 

 

Рингераја: Од каде инспирацијата за книгата?

Мирјана: Инспирација добив во втора година факултет, кога со цимерката често слушавме тропање од станот над нас. Јас се шегував дека таму живее жена чиј сопруг ја тепа и затоа слушаме врева скоро секој ден. Тогаш го напишав краткиот расказ во кој една жена Лидија го убива сопругот Димитар во самоодбрана поради немање повеќе сила да живее во семејно насилство, но поради малиот број на докази и фактот дека никој не и верува таа е испратена во затвор.

 

Рингераја: Колку време ја пишуваше?

Мирјана: Тексот го напишав за еден ден, но вистински почнав да работам на книгата во февруари и март. Тој период бев дома поради простестите на факулетот и пишував секој ден по 6 часа. До летната испитна сесија јас го имав цел концепт во лаптопот. Повторно работев на книгата кога ме контактираа СакамКниги и со нивни насоки ја изменував и подобрував од летото до декември. Може да заокружам дека сум ја пишувала 11-12 месеци.

 

Рингераја: Кои беа твоите очекувања и стравови во однос на истата?

Мирјана: Сакав да им се допадне на читателите, сакав да допре до нив приказната на Лидија – тоа ми беше најважен преоритет. Очекував дека ќе остави впечаток и како што можам да забележам сум го постигнала тоа.

 

1


Рингераја: Ова е твое прво дело. Читателите се воодушевени, дефинитивно направи бум и доживеа успех, после кој верувам пишувањето на нови дела е предизвик. Како го доживуваш тоа? Мотивирачки или стравуваш дека публиката ќе има превисоки очекувања? Дали досегашниот успех те мотивира повеќе или ти задава трема?

Имаш ли некое ново дело во план или можеби веќе се крчка?

Мирјана: Ќе лажам ако кажам дека немав трема кога излезе од печат. Не сум скептикна личност, но ми беше страв како ќе ја прифатат читателите. Сепак стануваше збор за мое прво дело, книга во која сум вложила труд и време, а да не зборувам со каква љубов ја пишував. Уште не ми се верува дека за неполна година Сопругата на детективот има два тиража! Читателите само ме мотивираат повторно да пишувам и творам, тремата замина, како и стравот.

Започнав да пишувам втора книга еден месец откога излезе Сопругата на детективот, па паузирав поради обврски, но деновиве планирам да се вратам на пишувањето и на второто дело.

 

Рингераја: Како е да се биде писател во нашата земја?

Мирјана: Нашата држава е далеку од тоа да се живее од пишување книги. Пресреќна сум што моето прво дело се продава во книжарници, но не бев свесна каков нов свет ќе ми отвори книгата. Запознав премногу читатели/ки со кои си комуницирам во групите или на месенџер. Друго, ме радува колегијалноста што ја имам со другите писатели, реално не читав македонски автори, но во 2020 го изменив тоа. Со многу од нив си пишувам и нивните книги се во мојата домашна библиотека.

 

Рингераја: Членуваш во читателски групи. Каков е твојот впечаток за македонците како читатели?

Мирјана: Додека не излезе од печат моето првенче не бев толку активен член во читателските групи. Искрено, пријатно сум изненадена и воодушевена колку многу читатели има! Групите се полни со креативни слики, ренцензии, читателите си разменуваат мислења за книги и си позајмуваат книги. Постојано се информираме за нови изданија од издавачките куќи и попусти. Најпозитивна и најзабавна група ми е Книжевна терапија, админките се срцки и денот не ми е исполнет ако не ја посетам групата најмалку еднаш.

  

Рингераја: Што читаш во слободно време? Омилен жанр и писател?

Мирјана: Најмногу читам трилери и мистерии, но по неколку прочитани трилери сакам да се релаксирам со романса.Читам на македонски, од сите издавачки куќи, и на англиски. Од омилени писатели би ги издвоила: Дајен Чемберлен, Џули Џејмс и Крис Картер.

 

Рингераја: Твоја препорака за младите кои имаат желба за пишување?

Мирјана: Кога читате книги вие патувате во друг свет. Кога пишувате создавате свет за вас и идни читатели. Не е лесно, но не се откажувајте. Првиот чекор е секогаш најтежок!

  

Рингераја: Која е Мирјана приватно?

Мирјана:  Мирјана е апсолвентка на филолошки факултет, најмалата од три сестри и тетка на три внуци. Исто така јас сум голем љубител на животни: имам морско прасе, лабрадор Бурно и четири мачиња спасени од улица. Во брак сум скоро 3 години, но заедно делиме 10 години љубов, доверба и разбирање.

 

Рингераја: Како врз тебе и твоето семејство влијае тековната состојба со вирусот?

Мирјана: Бескрајно сум благодарна што никој од моето блиско семејство не го прележа вирусов. На почетокот ми беше депресивна ситуацијата, цело време слушав и читав за бројки, економска криза во светот, невработеност и карантин. На почетокот на летото го намалив користењето на социјалните мрежи, особено читањето такви вести.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
5
Што треба да знаеме кога купуваме суплементи
При купување на суплементи, есенцијално е да го разбереме значењето на нивниот состав и начинот на производство. Составо...
4
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мајка. Сите три сме со различни професии, економист, ...
4
Катастрофални креации на дизајнерите
Дали е ова доказ дека дури и жените од прва категорија не изгледаат добро во фустаните на високата мода? На годинашното ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?