|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај македонската авторка Елена Симоновска

Редакција Рингераја, 27.4.2022
Неодамна излезе од печат книгата „Продолжи да одиш", првенче на авторката Елена Симоновска, во издание на издавачката куќа Збор

image
/11


 

Во однос на тоа која е Елена, таа за себе вели: 

"Елена Симоновска, родена на 09.03.1984 година во Скопје. Сопруга на Иван, мајка на две ипол годишниот Матео, воедно моја најголема поддршка и инспирација во животот. Основно образование завршив во ООУ “Св. Климент Охридски” во Драчево, а средно во медицинското училиште во Скопје, отсек-фармација. Долги години пловев во фрмацевтските води, а по завршувањето на педагошкиот факултет во Скопје се вработив како одделенски наставник во истото училиште каде имам завршено. Живеам во н. Ченто и слободното време сакам да го поминувам најмногу со семејството, а потоа и да се дружам со пријателите и да прочитам некоја добра книга. Уживам во работата со деца и поради тоа самата работа ми претставува задоволство. Нема поубаво чувство од тоа да се работи со деца, бидејќи децата се најчистите и најневините суштества на светот. Тие знаат да покажат искрена љубов и да ве натераат да се чувствувате сакано, среќно и исполнето и тогаш кога не сте расположени." 

Рингераја: Кога ја откривте љубовта кон пишувањето?

Елена: Љубовта кон пишувањето ја препознав кај себе уште од училишна возраст. Во четврто одделение имам напишано збирка од поезија на хартија, која никогаш не ја објавив. Потоа пишував за своја душа.

Рингераја: Сте учествувале ли на литературни конкурси, имате освоени награди , објавени други дела..

Елена: На литературни конкурси имам учествувано на училишна возраст и имам освоено дипломи и пофалници, а прво и единствено објавено дело, сега за сега ми е романот “Продолжи да одиш”, кој го објавив неодмна. Но тука не планирм да застанам.

Рингераја: Ова е ваш дебитантски роман. Како се "роди" истиот? Каков беше текот на пишување за да сфатите дека тука 'лежи' книга?

Елена: „Продолжи да одиш” е силна емотивна приказна од која ќе извлечете многу важна поука дека што и да се случува во вашиот живот, вие мора да продолжите да одите понатаму. Од мала ме влече пишувањето. Сум фантазирала дека еден ден ќе станам писателка и ќе пишувам романи, но никогаш не се решавав да го остварам тоа. Занимавајќи се со други работи и обврски во животот, секогаш ми недостасуваше време за тоа, но длабоко во себе си велев - “Некогаш ќе биде и тоа”. По разговорот со мојата драга и многу блиска пријателка Илина Јовановиќ-Јаковчевска, која неодамна пред мене издаде книга, многу набрзо се решив на тој чекор. Значи таа ме охрабри и ми го покажа патот до таму. Текот на пишувањето беше многу интересен, возбудлив. Кога и да земев да пишувам бев многу возбудена и постојано ми доаѓаа нови идеи. Понекогаш се навраќав да променaм нешто, но како навлегував кон средината на романот, ја имав целата приказна во глава. Само детали беа во прашање. Од самиот почеток знаев дека тука “лежи” книга. Романот го напишав за три недели, а потоа посветив уште некое време на читање и средување на истиот.

 

1

 

Рингераја: Од каде инспирацијата за истата?

Елена: Инспирација црпев од секојдневието, од разните животни приказни на луѓето како и од мојата фантазија. Приказната е реална, но измислена. Можеби некаде постои некој кој целосно ќе се пронајде во неа, но јас не се водев по ничиј живот. Инaку општо во животот најголема инспирација и поддршка ми е семејството.

Рингераја: За која читателска публика е наменет?

Елена „Продолжи да одиш” е наменет е за читателска публика на возраст од 15 до 99 години.

Рингераја: Како дојде до соработката со издавачка куќа Збор?

Елена: Многу е убаво кога некој ваш близок го изодел истиот пат пред вас и можете да се обратите кај него за се што не ви е јасно. Така јас за ова прашање се обратив кај мојата пријателка Илина која погоре ја спомнав и таа ми кажа за нејзиниот начин на издавање, но ми посочи и една прекрасна жена, писателката и сопственичка на издавачката куќа : “Збор” - Емилија Златкова Анастасова како можна опција за издавање на книга. Ја одбрав таа опција, исконтактирав со Емилија и се случи нашата прекрсна соработка, за што сум неизмерно блaгодарна и среќна.

Рингераја: Одржавте и промоција. Колку сте задоволни од настанот? Имате ли во план промоција и низ другите градови?

Елена: Да, одржав промоција во домот на културата “Димитар Влахов” во населба Автокоманда, Скопје. Настанот беше одржан на 5 март, а мене сеуште ми предизвикува возбуда кога и да помислам на него. Преубава промоција, исполнета со еден куп емоции, поддршка од најблиските и едно убаво излагање на промоторката Емилија Златкова Анастасова. Од настанот сум презадоволна и пресреќна. До мене беа пред се мојот сопруг Иван, мојот син Матео, моите родители, сестра ми и семејството, моите прекрасни колешки и директорката кои ми приредија незаборавно изненадување, моите пријатели, роднини, како и градоначалникот на општина Гази Баба - Бобан Стефковски кој секогаш дава поддршка на манифестации од културен карактер. На сите сум им неизмрно благодарна, особено на моите внуки Матеја (која го водеше самиот настан) и Мартина (која беше моја десна рака на настанот). Сега за сега не е планирана промоција во другите градови. Можеби за некоја наредна книга ќе го исполниме и тоа.

 

2

 

Рингераја: Членувате во читателски групи на социјалните мрежи. Какво мислење имате за македонците како читатели? Како автор и како читател, каква е вашата слика за македонските автори ?

Елена: Да, членувам во доста читателски групи на социјалните мрежи. За македонците како читатели сметам дека сме на едно високо ниво. Сметам дека се чита многу, особено ме радува што посебен акцент се става на мкедонските писатели. Се читаат и странски автори, но сепак мислам дека предност ни се дава на нас како домашни автори. Како автор и како читател им се поклонувам на сите македонски автори, бидејќи сметам дека нашите автори се многу квалитетни и иновативни и имаат што да понудат на читателите. Имаме голем избор на книги и жанрови од македонски автори за сечиј вкус.

Рингераја: Каква литература читате? Омилен жанр? Кој автор ве инспирира?

Елена: Читам најчесто проза. Поезија сакам, но како читател и автор ја избирам прозата, бидејќи повеќе ми лежи на срце. Сакам да читам: трилери, љубовни романи, авантури, но не сум ограничена, читам и се што ми фаќа око. Имам доста омилени автори, секако некои од нив може да кажам дека ми се инспирација, но еве ќе го издвојам Коста Петров кој го сметам за мотивирачки писател за животот.

Рингераја: Читате ли македонски автори? Кои меѓу нив би ги издвоила?

Елена: Македонски автори читам и секако им давам приоритет за читање. Би ги издвоила следниве: Коста Петров кој погоре го спомнав, Драган Таневски, Емилија Златкова-Анастасова и секако мојата драга пријателка Илина Јовановиќ-Јаковчевска. Има и многу други македонски автори кои моментално се доста актуелни и вреди секоја минута потрошена на читање книги од македонски автори.

За крај, благодарам на “Рингераја” за интервјуто, на прекрасната Марина Кљајиќ Петковски и нејзината убава рецензија за мојата книга и на вам за издвоеното време да го прочитате моето интервју! 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кои секс пози треба да ги избегнувате во б...
Иако, особено во напредните фази на бременоста, доста е незгодно да имате секс, желбата сепак постои. За да бидете сигур...
4
На кафе кај Марија - Beautiful M Jewelry
Марија Ѓеровска е 29 годишна битолчанка, дипломиран физиотерапевт, вработена во приватна стоматолошка ординација како се...
4
Мали бизниси: Торти за домашни миленици
Дали се вбројувате во процентот на сопственици на домашни миленици кои организираат роденденски забави за истите ?
4
Необични модели на костими за капење
Играјќи си со врвци, траки и отсекувања, дизајнерите на костими за капење не се грижат многу за тоа какви траги ќе остав...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?