|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мојата мамичка е најубава!

Редакција Рингераја, 27.7.2013
Еден убав сончев ден брачен пар се шеташе во паркот полн со зеленило. Во пресрет им дојде малечко девојче, тажно и преплашено:- Дали ја видовте мајка ми? – праша девојчето- Како изгледа твојата мајка?- Убава е, најубава од сите мајки!

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Брачниот пар одлучи да му помогне на исплашеното девојче па и кажаа дека заедно ќе ја побараат нејзината мајка. Ги набљудуваа минувачите и здогледаа една многу убава жена.

- Дали ова е твојата мајка? – го прашаа девојчето.

- Не. Мојата мајка е многу поубава.

 

Тргнаа понатаму. Жената го држеше девојчето за рака. Секој пат кога во далечина ќе здогледаше жена, девојчето поцврсто ја стегаше раката на жената со надеж дека тоа е нејзината мајка.

Кон нив доаѓаше прекрасна  млада жена со долга коса и прекрасен цветен фустан.

- Дали ова е твојата мајка? – го прашаа девојчето.

Девојчето одмавна со главата и почна да плаче.

- Тоа не е мајка ми. Ви кажав. Мојата мамичка е убава...многу поубава од оваа тетка...

Почнаа да се палат првите ламби...Што уште можеме да направиме? Каде да ја бараме мајката на малото девојче?

Тогаш здогледаа како кон нив со брз чекор доаѓа една жена. Нејзината облека беше стара и преголема, чевлите искинати, а косата разлетана од брзањето и ветрот. Нејзините раце беа груви и валкани, а лицето уморно. Само очите и светеа како две тажни ѕвезди во ноќта.

- Сирота бездомничка...помисли жената и сакаше да премине на другата страна со девојчето.

Тогаш девојчето викна:

 - Еве ја мојата мама! Мамичкееее....и се затрча кон кутрата жена. Мајката падна на колена и ги рашири своите раце во кои малото девојче влета како птица во гнездо.

Кога се изгушнаа и избакнаа, мајка и ја подигна во раце, па нешто си зборуваа и шепотеа во најголема среќа. Брачниот пар се прегрна, немо посматрајќи ја таа убава глетка. На жената почнаа да и течат солзи по лицето...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ривалство помеѓу вашите деца
Родителите на две или повеќе деца ќе излажат ако тврдат дека никогаш не забележале ривалство кај своите најмили
4
Висока температура кај децата
Секоја температура покачена над нормалната, значи над 37.5 ја сметаме за покачена температура, но не значи дека на таа т...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“ на Телма ТВ
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 14.04.2013 во 10.20 ...
3
Шест причини зошто баба е подобра од мама
Колку и да се вкусни на мама манџите, друго е баба да ти зготви. Дали затоа што има повеќе кулинарско искуство или пак б...
3




Анкета

Zenski iminja
Blue Glow

Anja Ana Mia Jana Sandra

Ana (52%)

Mia (48%)


Број на сите гласови: 94

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!