Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Др. Митка Тренчева - спец. педијатар
Доколку повисоката температура трае повеќе од три дена, пропратена е и со други симптоми, родителите треба да се јават на доктор. Исто така температурата може да се снижи и со алтернативни средства, туширање, масирање со алкохол, разладување со помалку облека, се со цел телото да испарува, а со тоа се намалува и температурата на телото.
Обично благите температури кои не се повисоки од 38.5, кои можеби и сами ќе се симнат, не треба да ги плашат родителите. Затоа кога детето има поблага температура не мора да се оди на доктор првиот, вториот ден. Додека повисоките температури кои се пропратени и со треска, температрурата не можат да ја симнат дури и со лекови за таа намена, треба да се јават на доктор. Сепак ако се работи за блага температура, а има и други симптоми како болки во ушите, главоболки кај синусите, ако има отежнато или компромитирано дишење, тогаш не треба да се чека и веднаш треба да се оди на доктор.
Средствата што се даваат за снижување на температурата најфизиолошки е да се примаат преку уста. Меѓутоа има случаи кога децата се раздразливи и повраќаат, па поради тоа се даваат чепчиња за симнување на високата температура. Нивното дозирање е пропишано и во самите лекови, најчесто меѓу 6 и 8 часови, но често пати родителите кажуваат дека и покрај давањето на лекот децата по кратко време качуваат температура, па се дава на помал временски интервал. А можеби и инфекцијата е појака или не е дадена доволната доза. Инаку дозирањето се одредува според телесната тежина и возраста на пациентот, односно детето.
Кога се зборува за грчевите, тие изгледаат страшно за родителите, а понекогаш и за самите доктори. Се среќаваат еден до два проценти во детската популација на возраст од 6 месеци до 5 години. Најчесто се појавуваат при многу висока температура, но кај некои деца можат да се јават и со помала температура. Доаѓа до грчеви, тресење на телото, најчесто и губење на свеста и во таква ситуација родителот треба да му помогне на своето дете така што ќе го постави на страна, за да дојде до нормално дишење, обично грчевите траат кратко, по неколку секунди. Некогаш и сами поминуваат, но сепак детето треба да се однесе на доктор за да се открие дали грчевите се фебрилни конвулзии, како резултат на високата температура или понекогаш, многу ретко, се вовед во друга болест.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога чудата бараат мала помош, патот до забременување
Чудата некогаш бараат малку помош, особено кога станува збор за забрем...
Практични совети за полесни денови со новороденче
Доаѓањето на новороденче во домот носи огромна радост, но и многу нови...
Основни чекори во секојдневната хигиена на бебето
Секојдневната хигиена е важен дел од грижата за новороденчето и малото...
Сe што треба да знаете за правилно менување пелени
Менувањето пелени е една од најчестите, но и најважните рутини во гриж...
Исхрана за повеќе млеко, рецепти за доилки
Создавањето на мајчино млеко зависи од повеќе фактори како честотата н...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?