Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ви нудиме неколку совети како да се минимализираат или да се спреќат конфликтните ситуации со мајката, која - не заборавајте! - дала живот на Вашиот партнер.
Дури и свекрвата да е неподнослива, не треба засекогаш да ги расипете односите со неа. Ако го направите тоа, ризикувате еден ден нејзиниот син да ја искористи Вашата постапка против Вас. Потрудете се, иако од време на време, да останете формални, но воспитани! Контактирајте со неа.
Не се мешајте во расправии помеѓу мајката и синот. Не заборавајте дека мајката и синот имаат години заедничко минато и воспоставен стил на комуникација со свој код, кој Вие не го знаете. Дури и по најголемиот скандал меѓу нив нивната врска останува иста.
Навикнете се на мислата дека "Тој ја сака мама". Не паѓајте во хистерија, кога партнерот ве кажува дека не умеете да готвите "како мама". Веројатно ќе му требаат години за да ја проживее оваа заблуда, а може и никогаш да не ја проживее. Не се нервирајте, ако од време на време партнерот ја посетува мајка си, а потоа долго се воодушевува од нејзините кулинарски подвизи. Користете ги овие посети, за да се наполните со позитивна енергија - кај козметичарката на пример ...
Премногу честото дружење со свекрвата може да ги расипе и најдобрите односи. Молете ја за услуги само во краен случај!
Ставајте и "кочници". Дајте и на знаење дека не ви се допаѓа да ги слушате нејзините совети како да го одгледувате детето. Потрудете се да бидете јасна. Објаснете дека одговорноста за неговото воспитување ја носат само неговите родители. Не ја критикувајте во хор со Него. Дури да ги слушате од партнерот укорите кон неговата мајка, ова се само привремени недоразбирања. Ако се солидаризира со неговата хистерија, најверојатно таа наскоро ќе се насочи кон Вас.
Не креирајте ритуали. Секоја прва сабота сте на ручек кај Неа, а секоја наредна недела таа е кај Вас ... ритуалите стануваат досадни, бидејќи се наметнуваат и ве ставаат во стапица.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Патот до бебе, вистинските стории
Секој пат до бременост е различен. За некои, тоа е брз и лесен процес,...
Кои права ги имате во породилната сала?
Породувањето е длабоко личен и значаен настан. Иако се одвива во медиц...
Како да ги изберете вистинските пелени за вашето бебе?
Од првите денови по раѓањето, пелените стануваат дел од секојдневниот ...
Лесни вежби за трудници. Движење без ризик
Трудничкиот период е време кога телото се менува, но тоа не значи дека...
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...