vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Собната температура нека остане собна
Најголемата грешка која се прави во зимските денови е претерувањето со греењето. Немојте да го попуштате греењето така што ќе направите премногу топла просторија, бидејќи кога ќе ја напуштите истата, телото ќе доживее вистински стрес, при што ќе мора да прави агресивна вазоконстрикција на крвните садови. Последица на ова е појавата на Рајнаудов синдром, при што ќе имате неадекватна циркулација во рацете и прстите. Поради ова, трудете се собната температура да не надминува 22 C и во зима.
Зимскиот сон не е за луѓето
Не, не сте животно па да го преспивате целиот зимски ден. Станете навреме без разлика дали имате или немате обврски. Излезете со пријателите, разговарајте забавувајте се. Луѓето кои го практикуваат ова имаат помало субјективно чувство за ладно. Овие лица ќе бидат помалку "зимурливи".

Загревајте ги вашите чевли пред да ги облечете
Телото за време на ладните денови, крвта повеќе ја адресира кон виталните органи, помалку кон екстремитетите, тие често остануваат ладни и се главна причина зошто постојано се лувствуваме "смрзнато". Затоа облекувајте ги чевлите кои се претходно загреани, ако ништо друго ќе се чувствувате поубаво.

Правете вежби под јорганот
Едноставни вежби под јорганот се состојат од едноставни движења, а служат за подобрување на циркулацијата. Направете 20 собирања и опуштања на прстите на нозете. Потоа неколку вртења во ножниот зглоб и на крај 10 стегања и опуштања на колковите. Ќе се чувствувате потопло и по пријатно.
5
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали либидото е показател за плодност?
Либидото, односно сексуалната желба, може да се менува во различни пер...
Како се менува женската плодност со возраста?
Женската плодност природно се менува со текот на годините. ...
Зошто на детето му е потребно вистинско пријателство?
Пријателствата имаат важна улога во растењето и развојот на секое дете...
Играчките не се само за забава
Играчките не се само средство за забава. Тие се важен дел од детството...
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...