|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мама е моја, не е твоја!

Редакција Рингераја, 11.5.2015
Многу често, скоро во 80% од случаите, првото дете чувствува љубомора по доаѓањето на свет на најмалиот член на семејството

image
/11


 

Кај децата љубомората се изразува на сличен начин како и кај возрасните, но објектот на љубомора е различен. Кај децата љубомората претставува разнишана сигурност која е поврзана со љубовта која ја добиваат од возрасните. Се изразува преку низа на емоции од кои најчести се гневот и стравот, иако е многу тешко да се оцени што навистина малото дете чувствува во тој момент.

За да може детето да доживее љубомора, потребно е да достигне одреден степен на зрелост - пред се социјална перцепција. На возраст од 18 месеци се јавуваат јасни знаци на љубомора. Многу е важно како детето ги разбира односите помеѓу себе и другите ‘ривали‘.
Вистинска љубомора се јавува уште во раното детство, во предшколскиот период, кога многу деца доаѓаат во ситуација да ја делат љубовта што ја добиваат од своите родители со помладиот брат или сестра. Поради новородениот брат или сестра родителите се повеќе време ангажирани а времето и вниманието што дотогаш го добивало постарото дете кое било единствен објект на љубов и внимание од страна на родителите, го дели со некој друг, во случајов со новороденото дете. Тоа најчесто се случува во перид од 18 месеци до 4 години, бидејќи пред тој период детето не е во состојба да ја перцепира промената во однесувањето на своите родители, а после тој период детето веќе постигнува одредена независност (престој во градинка итн.). На таа возраст децата и самите често се ангажираат околу помалите членови на семејството, па така добиваат одредено признание од родителите и на тој начин полесно го ‘преболуваат‘ чувството на несигурност и отфрлање.

За разлика од машките, женските деца се пољубоморни. Во семејства со повеќе деца постои помалку љубомора отколку во семејства со по 2 деца. Најчеста реакција на љубоморното дете е во облик на гнев и агресија која е насочена на новороденото дете, а понекогаш и на мајката. Гневот насочен кон мајката најчесто е во функција на предупредување и прекорување. Освен оваа реакција, многу често се јавува и регресија кај овие деца. Тие се враќаат на навиките и однесувањата кои се карактеристични за помала возраст.

Љубомората може да ја намалите на следниве начини:

Во текот на бременоста:
Кажете му на детето дека ќе имате бебе што подоцна. Само некoлку месеци, за детето претставуваат цела вечност. Обидете се за тоа да не дознае од некој друг. Вклучете го детето во некои практични размислувања, одбирање на името, каде ќе спие бебето и слично.

Недели пред породувањето:
Во секојдневието на детето поинтензивно вклучете ги таткото, бабата, дедото или некоја пријателка. Најавете го отсуството поради одење во болница во вистински час.

Недели по породувањето:
Дозволете му на вашето дете да се однесува како бебе. Ако сака на вашата града, дозволете му. Ако сака повторно да го пресоблекувате, играјте си со него. Избегнувајте ја реченицата:  “Ти си веќе голем – голема”. Вашето дете мора да почувствува дека љубовта кон него не зависи од тоа колку зрело се однесува. Сепак, обидете се имплицитно да му објасните дека тоа што расте има навистина многу предности.

Месеци по породувањето:
Дозволете му на детето да се вклучи во нега на бебето. Немојте да очекувате вистинска помош од него и немојте да очекувате веднаш да го засака бебето. Понекогаш бебето оставете го на таткото, бабата...  за да можете повеќе време да му посветите и на постарото дете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да знаеме дали детето е левучар ?
Како да го учиме да пишува, црта, сече…ако сме десничари?
4
Кога имате дете...
Поминаа деновите кога вашето малечко го нарекувавте бебе. Наместо тоа сега имате мал пријател преполн со енергија, кој з...
4
Детски игри за поттикнување на креативноста
За детето да не го поминува слободното време пред екраните од мобилните телефони или таблети, експертите советуваат роди...
4
Др. Рајовиќ: Како им поставувам граници на...
Армија родители не знаат што да прават со своите деца. На детето е тешко да му се постават граници, па тие одат во крајн...
4




Анкета

Izbor na ime
Elenakis

Koe ime e najubavo za momche ?

Stefan (55%)

David (45%)


Број на сите гласови: 234

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!