vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Одредени фрази поврзани со родителството толку се одомаќиниле што не размислуваме дали и колку се вистинити. Така е и со оваа фраза. Не постои никакво правило по кое малото дете е мала грижа, а големото дете голема грижа. Секоја развојна фаза во растењето на детето има одредени предности, но и маани, стапици, искушенија...
Единствено што може да се каже е дека ризиците и искушенијата во подоцнежниот развој се поопасни. Многу родители се жалат дека во периодот на пубертет потполно го губат контактот со своите деца. Повеќе не знаат со кого се дружат нивните тинејџери, каде излегуваат и како го поминуваат слободното време...
Меѓутоа, кога родителите би успеале со детето да воспостават таква комуникација за тоа во нив да гледа вистински соговорници – кои нема да осудуваат, критикуваат, навредуваат кога ќе им го каже искрено своето мислење...и низ големите искушенија ќе се поминува со помала грижа.
Дали детето додека е мало ќе ви биде – мала грижа, а кога ќе порасне – голема грижа, многу зависи од вас. Вистината е дека треба што побрзо да ги усвоите принципите на заедништво, додека се децата сосема мали.
Тие принципи, кои на извесен начин се превентива на можни проблеми со децата кога ќе пораснат се: постојано “слушање” на детето, чувствување на неговите моментални потреби и вредности, двонасочна комуникација во форма на дијалог (а не исклучиво родителски монолог), покажување толеранција и разбирање, со истовремено задржување на родителскиот авторитет. Не е лесно, но е возможно.
27
6
6
5
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...