Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Гадење, болка во грбот и оток се само некои од факторите кои влијаат на сексуалниот живот на бремената жена. И иако често, особено во напредните фази на бременоста, е доста незгодно да имате секс, желбата постои.
Доколку нема здравствени препреки во бременоста на кои укажал лекарот, додека жената е бремена, сексот е дури и пожелен, но не секоја поза...
За да уживате без страв дека нешто може да „тргне наопаку“, прочитајте кои пози кај одредени фази во бременоста сè уште не се препорачуваат:
Прв триместар
Во текот на првиот триместар од бременоста, ако не ве спречува гадењето, може да имате многу добар сексуален живот. Влажнењето на вагината е засилено, а тоа ќе го направи сексот многу попријатен.
Покрај тоа, градите веќе ќе бидат видливо поголеми, што веројатно ќе му се допадне на вашиот партнер.
Што се однесува до поза, во првиот семестар сè е дозволено.
Втор триместар
Ако сте страдале од гадење, тоа веројатно веќе престана и кога таа „болка“ ќе помине, жената има повеќе енергија. Кога на енергијата ќе се додаде зголемено лачење на хормони, се добива бремена жена која е многу заинтересирана за сексуален однос.
Бидејќи вашиот стомак сè уште не порасна многу, ова е време да уживате во пози кои нема да можете да ги направите во наредните недели.
Нека вашиот партнер седи на кревет или стол, а вие седите на него. На овој начин можете да ја контролирате длабочината на пенетрација, и нема да има притисок врз стомакот.
Што се однесува до позата, вие можете слободно да го практикувате класичниот doggy стил.
Во вториот триместар, треба да ја избегнувате мисионерската позиција, како и сите други во кои лежите, бидејќи лежењето на грб создава притисок врз вените и го попречува проток на крв во плацентата, што не е добро за вас или за бебето.
Трет триместар
Во текот на третиот триместар, единствената пречка за сексот е големиот стомак кој бара многу креативност.
Што се однесува до поза, пожелно е да се избегнат сите пози во кои лежи жената или во кои се создава притисок врз стомакот.
Може да пробате секс на работ на креветот и оние во кои можете да ја контролирате длабочината на пенетрација.
Оралниот секс, ако ниту вие, ниту вашиот партнер немате активен херпес, е дозволен во текот на целата бременост.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...