Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Секојдневната доза кофеин помага за подобрување на изгледот. Освен внатрешно тој може да се користи и како главна состојка на козметичките производи. Неговите моќни антиоксидантни својства се способни да создадеме магија со надворешниот изглед.
Ја смирува изгорената кожа
Кофеинот ги лекува штетите од сонцето благодарение на антиоксидантните својства. Тој не штити од штетните зраци, па дури и го намалува ризикот од рак на кожата. За таа цел треба да се нанесува на кожата заедно со козметика за сонце.
Го отстранува целулитот
Една од најбараните својства на кофеинот е тоа против целулит. Тој ги дехидрира масните клетки и ја стимулира циркулацијата на крвта. Така кожата станува многу мека и мазна. За жал тој не може да ве избави засекогаш од целулитот, но и привремениот ефект не е за потценување.
Против воспаленија
Кофеинот е меѓу честа состојка во производите против оток и секакви воспалителни процеси. Тој е полн со антиоксиданси, кои го успоруваат и спречуваат оштетувањето на клетките.
Против темни кругови
Токму анти-воспалителните својства на кафето помагаат во борбата против темните кругови под очите. Количеството крв во торбичките под очите, што е главен проблем за нивната појава, се намалува благодарение на него.
Лекува розацеа
Најдобар лек против болеста розацеа е кофеинот токму заради моќните антиоксидантни својства. Тој намалува црвенило и иритации на кожата. За таа цел сепак кафето треба да се конзумира студено. Жешките пијалоци, без разлика какви се тие, го засилуваат црвенилото.
забава Бремените
Автор: bobik
Кои моменти не зближуваат во врската?
Во свет каде што секојдневието е исполнето со обврски, стрес и брзо те...
Пробиотици за бебиња: Дали навистина се потребни?
Во последните години пробиотиците станаа вистински „хит“ во светот на ...
Витаминот C кај малите деца: Зошто е толку важен?
Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина, е еден од најпознатит...
Ако сте родител, веројатно барем еднаш сте се „сокриле“ во кујната, то...
Антисептици, пријател или непријател на нашето здравје?
Антисептиците станаа неизбежен дел од нашето секојдневие, особено во п...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?