Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Кивањето исто така може да биде предизивикано од изненадно изложување на светлина, полн стомак или вирусна инфекција што може да доведе до ширење на болести.
Кивањето е адаптивен рефлекс со кој се протеруваат надворешните честички или надразнувачи од слузницата на горните дишни органи и се чисти носната празнина. За време на кивањето, задниот дел од јазикот се подигнува и делумно го запира воздухот кој оди кон устата, па така скоро целиот воздух од белите дробови излегува низ носот. Силата и степенот на протерување на воздух варира.
Како функционира?
Во моментот кога надворешните честички ќе поминат низ носните влакненца и ќе ја допрат слузницата започнува кивањето. Допирот иницира ослободување на хистамин кој ги иритира нервните клетки во носот по што тие праќаат сигнали до мозокот за да започне кивање преку системот на тригеминалниот нерв. Како одговор на овој сигнал, мозокот ги активира мускулите на голтникот и дишникот, што резултира со широко отворање на носната и усната празнина и моќно испуштање на воздух. Ваквата моќна реакција рефлексно ги активира (згрчува) мускулите на лицето и градите.
Интересен факт е што кивањето неможе да настане за време на "REM" фазата на сонот. Тоа е состојба на телото позната како "REM" атонија, во која мотроните неврони не се надразнуваат и рефлексните сигнали не се спроведуваат до мозокот. И покрај тоа, доколку надворешните стимулуси се мошне силни, можно е тие да бидат причина човекот да се разбуди од сон со цел да активира кивањето. Но повторно, и во овој случај човекот кива во полубудна или будна состојба, а не во фазата на длабок сон.
Епидемиологија
При кивање се шират заразни капки, со големина од 0,5 до 5 mcm. Со едно кивање може да се исфралат и до 40.000 вакви капки (аеросол).
Превенција
Примери на техники кои се користат за да се спречи кивањето се: длабоко издишување на воздухот од белите дробови, задржување на здивот додека изброиме до десет, стегање на горниот дел на носот, отворање на очите и др.
Советите за намалување на честотата на кивање генерално се насочени кон намалување на интеракцијата со разни иританти, како што се:
И покрај сето ова за многумина кивањето е добредојдено. Постојат безброј луѓе кои не би сакале да го спречат кивањето. На крајот на краиштата еволуцијата го создала овој рефлекс во насока на заштита на нашите организми.
Традиционални одзиви на кивање
Во земјите со англиско говорно подрачје, најчесто вербален одѕив на кивањето е "bless you" (во превод „да те благослови“), во германското говорно подрачје "Gesundheit" (во превод „добро здравје“), а во македонскиот јазик „на здравје“.
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.